, ,

5 совети како да ги избегнете најчестите сообраќајни несреќи

#spremnizapat #спремнизапат

Специфичниот звук при судар на сите им е познат, иако тој е последниот кој сакаме да го чуеме. Сепак, со само неколку превентивни мерки можете значително да ги намалите шансите да го слушнете тој звук. …

Има две едноставни нешта што еден возач може да ги направи за да ги намали шансите за било каква незгода: да гледа најдалеку што може и да држи “разлика“ од околу три секунди во однос на возилото пред него, без разлика на брзината на движење.
Гледајќи напред, поверојатно е дека навреме ќе ги забележите ситуациите кои се потенцијално опасни – некој предмет на патот, претрчување на пешак или животно, застој на патот или некој што дава сигнал дека сврти. Со концентрација и гледање далеку напред, имате доволно време да маневрирате соодветно. Слично, ако држите растојание од околу три секунди меѓу вас и возилото пред вас исто така ви дава доволно време за реакција.
Што да направите доколку морате нагло да свртите
Наглото свртување за да избегнете животно, друго возило или друг предмет (на пр. избуткан контејнер на Партизанска спроти Поштата во Карпош 2) кој ненадејно ви се испречил може да резултира со судир со друго возило или во превртување на возилото. Повторно, најсигурната превентивна мерка е да гледате напред најдалеку што можете, значи фокусирани и свесни за можната опасноста. Ако наглото маневрирање е неизбежно, прво свртете го воланот, па потоа стиснете на сопирачките за да намалите можноста од превртување.
Што да направите доколку ви се дупне гума среде возење
Експлозијата на пневматикот може да биде застрашувачко искуство и ненадејната загуба на притисок во гумите во превод значи автомобил што тешко се контролира. Но, ако се обидете брзо да застанете ќе ви биде уште потешко да го исконтролирате возилото. Решението е постепено да отпуштате гас и да држите правец најмногу што можете. Кога веќе возилото доволно ќе забави, тогаш повлечете се од патот и застанете безбедно.
Што да направите доколку излетате од патот 
Ако од икс – причини излетате и преку тротоарот отидете во кал или снег, вашата природна реакција е да го свртите воланот во обид да се вратите на асфалтот. Меѓутоа, така ризикувате превртување. Затоа, ви го препорачуваме истото решение како и при експлозија на пневматикот.
Што да направите доколку ја загубите контролата на лизгав пат
Кога патиштата се лизгави, лесно е вашето возило од мала загуба на балансот комплетно да изгуби контрола. Ако вашето возило почне да пролизгува, најбрзиот начин да се вратите назад во праволиниско движење е да го завртите воланот во насоката на пролизгувањето.
Колку и овие мали – големи совети да се корисни, сепак, ништо не вредат ако не биде концентрирани на вашето возење. Само така можете комплетно да ги одбегнете потенцијалните опасности. Истражувањата покажуваат дека сообраќајките најчесто се случуваат од невнимание предизвикано од прегласна музика, пушење цигара додека возите, телефонирање и зборување па дури и со “hands-free “.
Затоа, нека ништо не го одвлекува вашето внимание додека возите. Придобивките од оваа дисциплинираност се непроценливо вредни. Колку еден живот!

 

Временска прогноза и квалитет на воздух – сабота, 18 ноември 2017

5 совети како да ги избегнете најчестите сообраќајни несреќи