,

Автомобилска одговорност

Осигурувањето од автомобилска одговорност претставува законски задолжителна обврска пред вклучување на возилото во сообраќај, односно потребно е да ја поседувате при регистрација на возилото. Со автомобилската одговорност покриена е одговорноста на сопственикот на возилото за штети причинети кон трети лица и предмети при употреба на моторно возило во сообраќајот. Односно, штетата што ќе ја предизвика возачот (осигурaн од автомобилска одговорност во моментот на настанување на штетата) кон трето лице, нема да биде на негов товар, туку на осигурителната компанија од каде е издадена полисата.

Годишната премија се определува согласно видот и карактеристиките на моторното возило, и тоа во согласност со Тарифата за задолжително осигурување во сообраќајот како и со примена на соодветен бонус за немање штети односно малус за причинети штети во претходен период.

Покрај основното осигурување полисата за автомобилска одговорност може да ја дополните со автонезгода (осигурување на возач и патници од последици на несреќен случај-незгода) и автостакла (делумно каско осигурување-кршење на стакло)

Штетата која ќе ја причините вие треба да биде пријавена во ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД, оштетното побарување ќе биде ликвидирано согласно законски утврденото осигурително покритие наведено на задната страна од полисата за осигурување.

ЗЕЛЕН КАРТОН

Со меѓународна зелената карта се обезбедува осигурително покритие за штети причинети кон трети лица и предмети при управување со моторно возило во странство, односно во земјите членки на системот „Зелена карта“. Оваа полиса е услов за влез со моторно возило со македонски регистарски таблички во друга држава.

Периодот на валидност на Зелената карта е ограничен со времето на валидност на полисата за осигурување од автоодговорност. За разлика од полисата за осигурување од автоодговорност, а во полза на правната сигурност на оштетените, осигурувањето кај Зелената карта во целост ги покрива двата наведени дена – и денот од кога почнува и денот кога изминува важноста на осигурувањето.

Како да постапите во случај на штетен настан?

Во случај на штетен настан потребно е да не го поместувате возилото, да повикате полиција, погрижете се за повредените лица, разменете копија од зелените карти и предадете ги на полицијата, фотографирајте го местото на настанот и возилото, побарајте белешка од полицијата, придружувајте се кон правила на однесување во случај на сообраќајна незгода (сигнализација, сообраќајни знаци). Доколку штетата е нанесена од сопственикот на возилото со странска регистрација, задолжително побарајте копија (вториот примерок) од неговата Зелена карта или од полисата за автоодговорност. Вашето барање за надомест на штета упатете го до компанијата каде што е осигурено возилото кое Ви нанело штета. Во случај кога Вие сте виновен/а за штетниот настан Ваша обврска е по барање на другиот учесник или органот кој врши увид, да ја приложите копијата (вториот примерок) од Зелената карта.

Што во случај на сообраќајна незгода во Македонија?

Доколку на територијата на Република Македонија Ви се случи сообраќајна незгода со возило со странска регистрација Ваше право е да побарате копија (втор примерок) од Зелената карта на другиот учесник или од надлежниот орган кој врши увид. Барањето за надомест може да го поднесете до Националното биро за осигурување на Македонија, односно до осигурителната компанија која ќе биде посочена од оваа институција.

ГРАНИЧНО ОСИГУРУВАЊЕ

Полисата за гранично осигурување мора да ја поседува сопственикот на возило со странски регистарски таблици за да може да управува со возилото во сообраќајот на територија на Република Македонија. Со ова осигурување покриена е одговорноста на сопственикот на моторното возило за штетите кои ќе ги причини на трети лица и предмети.

Eдно патничко осигурување за цел свет

Автомобилска одговорност