, , ,

Дали го гледавте БРЗИ И БЕСНИ 8?

THE FATE OF FURIOUS

Додека Дом и Лети се на меден месец, Брајан и Миа повлечени од играта, а остатокот од екипата ослободен од сите оптужби, овој тим што вечно патува по светот почнал да води нешто што личи на нормален живот.

Но, кога една мистериозна жена ќе го заведе Дом во светот на криминалот од кој нема да може да побегне и ќе ги предаде најблиските, екипата ќе се соочи со најтешкиот предизвик каков што немале никогаш претходно.

режија: F. Gary Gray
улоги: Dwayne Johnson, Charlize Theron, Scott Eastwood, Vin Diesel, Jason Statham

премиера: 13.4.2017
времетраење: 136′
земја: САД
жанр: Акција, криминалистички, трилер

Погледнете го овој филмски спектакл во Градско Кино Милениум.

Интересно

Британскиот портал Insurethgap.com, кој се занимава со осигурување и истражување на автомобилските пазари, ја пресмета вкупната вредност на автомобилите кои се уништени во досегашните седум продолженија од франшизата Брзи и бесни. Станува збор за сума од околу 420 милиони фунти или околу 520 милиони долари.

Во износот влегуваат оштетените автомобили од досегашните седум продолженија, потоа авиони, хеликоптери, автобуси, тенкови, возови и мотоцикли. Од транспортните средства полесно се оштетени 169, но останатите 142 се целосно уништени.

Најскапата машина досега во Брзи и бесни е хиперавтомобилот W Motors Lykan Hypersport. Тој се проценува на околу 3,4 милиони долари. Интересно, штетата нанесена од добрите ликови во филмот е доста поголема од онаа која ја нанеле лошите – 324 милиони долари наспрот 196 милиони.

„Најдеструктивниот“ лик е негативецот од седмото продолжение, Џејсон Статхам, кој уништил машини за 185 милиони долари. Меѓу позитивните херои, „лидер“ се разбира е Вин Дизел со помалку од 70 милиони долари. Генерално, најголемите штети се направени во 6-то и 7-то продолжение.

Премиерата на следната епизода од Брзи и бесни 8 (The Fate of the Furious) е закажана за 12 април. Во неа се појавуваат Вин Дизел, Двејн Џонсон, Мишел Родригез, Џејсон Статхам, Шарлиз Терон, Хелен Мирен, Курт Расел…

Погледнете го во Градско Кино Милениум

Трејлерот говри сам за себе, разгледајте го:

Како да се справите со загаден воздух, нездрава исхрана и стрес?

Дали го гледавте БРЗИ И БЕСНИ 8?