, ,

Да слушате и да разбирате е најважно во животот, искористете го бесплатно овој тест за слух

W3.CSS
HalkBank

Уво e орган за слух и рамнотежа од обете страни на главата. Само дел од увото е видлив, а остатокот е заштитен со коските на черепот. Тие ја вршат функцијата во пар — ги собираат звучните треперења и ги претвораат во сигнали кои се пренесуваат во мозокот, овозможувајќи ни да слушаме.

Кај човекот, увото се состои од три основни дела: надворешно (auris externa), средно (auris media) и внатрешно уво (auris interna).

Ушната школка ги насочува звуците во слушниот канал. Звучните бранови се одбиваат од цврстото тапанче терајќи го да трепери. Трите ковчиња на средното уво ги засилуваат треперењата и ги насочуваат кон ушното тапанче. Додека ушното тапанче трепери, течноста поминува преку влакненцата во полжавот кој тие треперења ги претвора во нервни сигнали. Тие со слушниот нерв патуваат до слепоочниот дел од черепниот (големиот) мозок каде се обработуваат.

Искористете го бесплатниот тест за слух кликнете тука 

Секогаш кога телото ќе се придвижи, течноста наречена перилимфа патува низ трите полукружни канали. Малечките влакненца ги чувствуваат тие движења и праќаат сигнали во мозокот јавувајќи му за положбата на телото. Со тоа му помагаат на телото да ја одржува својата рамнотежа.

Жлездите сместени во кората која го прекрива ушниот канал ја создаваат ушната маст, која го штити ушното тапанче од прав и валканици, а нејзиниот непријатен мирис ги одвртува инсектите од навлегување во увото.

Јачината на звукот се мери со децибели. Звуците чијашто јачина поминува 90 децибели предизвикуваат тешкотии и болки во човечкото уво. Звуците чијашто јачина преминува 130 децибели можат да го оштетат увото и да предизвикат глувост.

Оштетување на слух или глувост е состојба во која поединци делумно или целосно не се во можност да ги примаaт ни препознаат фрекфенциите на звукот кој вообичаено може да го слушнат други поединки од истиот вид.

Оштетувањето на слухот се определува според видот (кондуктивно и сензоневрално или двете), според големината на оштетеност и почетоците на оштетување. Понатаму, оштетување на слухот може да има само на едното уво( унилатерално) и на двете(билатерално).

Кондуктивно и сензоневрално оштетување на слухот

Кондуктивно оштетување на слухот е оштетување кое произлегува од нефункционирање на кој било механизам кои нормално ги спровеуваат звуковните бранови преку надворешното уво, ушното тапанче или коските на средното уво.

Сензоневрално оштетување на слухот е нефункционирање на внатрешното уво, особено на кохлеата каде звуковните бранови се претвараат во нервни сигнали, или во кој било дел од мозокот кој последователно ги преработува овие сигнали. Најголем дел од сензоневралната загуба на слух се поврзува со неправилности во влакнестите клетки во органот корти во кохлеата. Вакво оштетувања може да бидат присутни од раѓање како резултат на генетски или развојни неправилности, или произлегуваат од трауми или зарази за време на животот на поединецот. Но, исто така има многу несекојдневни сензоневрални оштетувања на слухот кои го вклучуваат VIII мозочен нерв, вестибуло-кохлеарен нерв, или во ретки случаи, ушната обвивка.

Сензоневралното губење на слухот порврзан со неправилности на системот за слушање во мозокот се вика Централно оштетување на слухот.

Да слушате и да разбирате е најважното нешто во животот. Ние се грижиме за вашиот слух!

Слушниот Центар МИКРОТОНИ се занимава со решавање на вашите проблеми со слухот преку адаптација на слушни апарати Beltone . За тие што имаат потреба од заштита на слухот нуди индивидуални и класични тампони за заштита на слухот.

 Кај нас слушните парати може да ги замате бесплатно преку потврда од ФЗО.

 Носењето на слушни апарати

Ако имате оштетен слух, вашиот живот може видно да се подобри ако употребувате слушни апарати. Денеска слушните апарати се напредни микропроцесори кои што се прилагодуваат спрема вашите потреби. Има некои многу лесни чекори кои што треба да ги следите за да профитирате максимално од слушните апарати. Следењето на неколку совети може да направи многу важни измени во вашето искуство со слушните апарати. Ние сакаме вие да го почувствувате повторно слушањето и да ви помогнеме за да се навикнете на слушниот апарат со следните сугестии:
-Навикнувањето со слушниот апарат бара малку трпение, одлучност и вежби, потоа вие ќе ги слушате нештата што сте заборавиле дека сте ги слушале.
-Ние ќе ви дадеме многу практични упатства за одржување на слушните апарати за да го продолжите нивниот век.

-Доколку имате обострано оштетување на слухот, употребата на два слушни апарати ви гарантира максимална придобивка!

Како да се заштитите од штетните дејства на хлорираната вода

Да слушате и да разбирате е најважно во животот, искористете го бесплатно овој тест за слух