, , , , ,

Дали ја посетивте новата пекара ? Пекара „Бакал“ сега и во Скопје

За вистинските гурмани и пребирливи консументи на бели печива, на местото на старата Ванила во ГТЦ Скопје, спроти Порта Македонија, се отвори пекарата „Бакал“ Граѓаните може да уживаат во врвните пекарски специјалитети подготвени по софистицирани француски и германски рецептури. Станува збор за трета пекара, по предходно отворените во Тетово, и во с. Брвеница, a под овој бренд работи и ексклузивниот ресторан Бакал во с. Брвеница.

Пецивата што се продаваат во „Бакал“ не само што се вкусни, туку изобилуваат и со високо нутритивни состојки, благодарение на природните состојки создадени со патентирана технологија на производство. Кроасани, кифли и други производи импресионираат со вкусот,  мирисот, аромата, боите и облиците. Се произведува и домашен леб и бели пецива, р’жан леб од ржано брашно, кое не содржат никакви бои и адитиви, како и пченкарен леб, а и неколку лебови по француска рецептура. Пекарата нуди и уникатни слатки производи.

Целиот простор околу Бакал е хортикултурно уреден. Поставени се дрвени клупи, а насадени се и декоративни садници кои го разубавуваат целиот простор.

Со донација од Бакал уреден е и просторот спроти пекарата, кој доби градина со форма на стилизирана звезда од топчести зеленики (Buxus  sempervirens), со симболика дека со многу труд градиме трајни дела, во чија средина се наоѓа  калемен атласки кедар (Cedrus atlantica Glauca Pendula).

Дефинитивно граѓаните, добија место каде можат да купат квалитетни пекарски производи, а истовремено и да уживаат во уредениот простор .

Бакал е пример за сите!

ИСЦЕЛИТЕЛ

Дали ја посетивте новата пекара ? Пекара „Бакал“ сега и во Скопје