, ,

ДЕРМАРОЛЕР (МЕЗОРОЛЕР) ТЕРАПИЈА

Мезотерапија со дерма ролер е супер комбинација за решавање на повеќе типови на кожни проблеми како сува кожа, стрии, дамки, брчки

Реакцијата на кожата од микротраумите е таква што создава колаген и еластин од прв степен кој се врзува за веќе постоечкиот (стариот) колаген, од трет степен. Кожата станува подебела, затегната, здрава и подмладена.

Колагено – индукционата терапија успешно може да се користи за:

  • Подмлaдување
  • Отстранување на лузни создадени после изгореници, сипаници, хируршки интервенции
  • Отстранување на целулит
  • Отстранување на стрии
  • Депигментација на кожа
  • Старечки пеги
  • Длабоки и плитки брчки (околу очи, усни)
  • Отстранување на акни
  • Терапија на сува кожа (перутање)
  • Затегнување на кожа
  • Третирање на скалпот на главата (третман против опаѓање)

Предности на колагено-индукционата терапија се: отсуство на болка, нема несакани дејства, брзо заздравување, контролирана длабочина на продирање, поголема стимулација на ткивото, неинванзивна метода (без крварење и лузни), можат да се третитаат сите типови на кожа и сите делови на телото, не предизвикува фотосензитивност, резултатите се видливи веќе после неколку дена.

Мезотерапија со дерма ролер е супер комбинација за решавање на повеќе типови на кожни проблеми како сува кожа, стрии , дамки, брчки.

Купон – 27% попуст на пакет од 5 третмани за мезотерапија со Dermaroller на лице и врат, за само 6000 ден.

Дермаролерот со своите микроиглички прави најнежни микроубоди во површниот слој на кожата провоцирајќи процес на заздравување на раничките кој предизвикува стимулација на продукција на колаген, еластин и нови, здрави клетки кои ги пополнуваат вдлабнатите лузни од акни и брчките на кожата.

Секој извршен третман ја стимулира колаген продукцијата со што се измазнуваат брчките и лузните како еден вид на мини-инстант фејслифтинг.

Се препорачуваат минимум 6 третмани кои се изведуваат еднаш месечно.

ИНДИКАЦИИ:

Провоцирање на продукција на колаген кај:

  • Одржување на цврстина и оптегнатост на кожата
  • Измазнување на лузни од акни
  • Одстранување на стрии
  • Измазнување на груба нерамна кожа
  • Зголемување на ресорпција на секој нанесен продукт на кожата (алтернативна мезотерапија)
  • За стопирање на опаѓање на косата и повторно оживување на растот на влакната.

Хијалурон – делување и резултат од употребата

Се препорачува за сите типови на кожа, а посебно за дехидрирана кожа, без тонус, кожа после 25-та година на која и недостасува влага. ПОРАДИ НИСКА МОЛЕКУЛАРНА МАСА ИМА СПОСОБНОСТ ИНТЕЗИВНО ДА ПЕНЕТРИРА ВО ПОДЛАБОКИТЕ СЛОЕВИ НА КОЖАТА. После апликацијата на ампулата видливо се зголемува хидратацијата и еластичноста на кожата која на изглед е позатегната, посвежа и подмладена.

Колаген – делување и резултат од употребата

Ампулата содржи дехидрирана микросфера на морскиот колаген кој во допир со влага го зголемува својот волумен 10 пати, ги пополнува линиите на борите и ја измазнува површината на кожата. Се користи за нега на зрела кожа после 30-та година за кожа без тонус. Ефектот на лифтингот е видлив веднаш, кожата е измазнета и смалена е појава на брчки. Кожата е со подобар тонус, затегната е и младешки свежа.

Phytodon – со дејство на подмладување

Лесно се апсорбира во кожата, го подобрува тонусот, го смалува отекувањето на ткивото и ја поттикнува регенерацијата. Ја подобрува микроциркулацијата на ткивата, го враќа капиларниот проток и го подобрува метаболизмот. Се користи за спречување на создавање капиларна мреза (росацеа). Одличен ефект при лечење на поткожни чиреви и маститиси.

Хербамин – делува противвоспалително и има антисептичко дејство

Го нормализира протокот на капиларна крв. Придонесува за нормализација на водата и минералниот метаболизам. Го успорува процесот на стареење на кожата. Ја подобрува еластичноста. Поради својата мала молекуларна структура лесно и брзо продира во кожата, ја овлажнува и ги елиминира старосните промени. Ја подобрува еластичноста, правејќи ја мазна и свиленкаста и ја поттикнува обновата на станиците. Одржува рамнотежа на водата и стареењето, ги смалува брчките и го подобрува тенот.

Мумитон – ја враќа убавината на кожата од лицето, вратот и телото

Ја зајакнува косата и го подобрува нејзиниот раст. Одличен е за смалување на стрии и целулит. Со мумитон се успорува процесот на стареење. Шилајитот има способност за подобрување и обнова на станиците. Поради подобрување на протокот на крв делува на подмладувањето. Ги намалува акните и ја чисти кожата. Делува противотровно, противвоспалително, антимикробно како аналгетик и ја тонифицира кожата.

Препуштете се на тимот од експерти за обликување на вашето тело во Центарот за убавина и здравје Halo Beauty. Ве очекува професионална услуга и љубезен персонал кој ќе ве пречека со раширени раце за да ги задоволи и надмине вашите очекувања.

Како функционира Aqua detox третманот?

ДЕРМАРОЛЕР (МЕЗОРОЛЕР) ТЕРАПИЈА