, , , ,

ДЕТОКСИКАЦИЈА НА ОРГАНИЗМОТ ПО ПРАЗНИЦИТЕ

За време и после празниците, на телото му е потребна детоксикација за да остане здраво и да ги избегне сите евентуални грипови и вируси.

W3.CSS
HalkBank

Многу е важно да се одржува имунолошкиот систем и да се прочисти телото од разните отрови опасни за нашето здравје. Најпрво е многу важно да ги отстраните сите видови на шеќери (освен овошје), благо, алкохол и цигари. Исто така заборавете на брзата храна, како и на белите теста и преработената храна која има доста празни калории. Детоксикацијата е добар начин да го опоравиме телото од тешката, мрсна и преслатка храна и да се посветиме на здрави органски намирници кои ќе ни овозможат многу хранливи материи.

Неколку совети за полесно прочистување на организмот:

ЗАПОЧНЕТЕ ГО ДЕНОТ СО ВОДА И ЛИМОН
Чаша вода со сок од половина лимон е идеален начин за започнување на денот. Ова е првиот неизбежен совет кога станува збор за подобрување на функцијата на организмот. Одржувањето на оптимална хидрираност на организмот ќе се одрази на нашата енергија, но и изглед. Преку лимонот ќе внесеме и витамин Ц кој е од најголема важност кога станува збор за детоксикација на телото. Оваа чудотворна чаша ќе го забрза варењето и секако добро влијае на црниот дроб и на целото тело.

ПИЈТЕ ПОВЕЌЕ ЧАЕВИ, ОСОБЕНО ЗЕЛЕН ЧАЈ
Втората важна работа при овој процес е внесување на поголеми количини чаеви и вода. Кафето заменете го со чај. Зелениот, белиот и чајот од корен од бел слез се идеални за прочистување на организмот затоа што стимулираат лачење. Во чајот можете да додадете и малку изрендан ѓумбир. Во текот на денот испијте минимум 2,5 л вода.

ВНЕСУВАЈТЕ СВЕЖО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
Овошјето не може да се јаде во неограничени количини и секако треба да се внимава на времето на консумирање. Овошје не треба да се консумира веднаш по јадењето, најдобро е да се јаде овошје како меѓуоброк и тоа 2-3 часа после главниот оброк. Од овошје треба да се консумира јаболка, круши и грејпфрут, бидејќи тие се богати со пектин – корисен за намалување на холестеролот во крвта. Грејпфрутот е благ диуретик и се препорачува на лица кои имаат проблеми со задржување на водата во организмот. Од зеленчук, подгответе си здрав оброк, полн со диетални влакна и витамини. Добар избор се брокулите, карфиолот, зелката, ротквиците, лукот, а особено ѓумбирот.

ИМАЈТЕ ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ
Доколку сакаме да го чистиме телото од токсини, исто така треба да бидеме и физички активни. По неколку дена одмор, се препорачува лесна до умерена физичка активност. Се препорачува вежбање јога или пилатес.
Преку потењето се елиминираат вишокот на калории и штетните токсини од организмот кои сме ги внеле во текот на празниците, па масажа или сауна секако би биле добар избор.

Александра Пренџова
Дипломиран нутриционист и технолог по исхрана, ПЗУ „Центар за внатрешни болести  – Срце“

Центар за внатрешни болести „Срце“
Ул. „Дренак“ бр. 6, 1000 Скопје
Тел. 02/3217-016, моб. 071/319-208
www.srce.com.mk
E-mail: srce@srce.com.mk
FB: CentarZaVnatresniBolesti
Ig: Srce-centarzavnatresnibolesti

ИНТОЛЕРАНЦИЈА НА ХРАНА НЕ Е ИСТО ШТО И АЛЕРГИЈА НА ХРАНА

ДЕТОКСИКАЦИЈА НА ОРГАНИЗМОТ ПО ПРАЗНИЦИТЕ