, , ,

Дознајте за магичната билка , симбол на среќата и благосостојбата

Историски гледано, Реиши  (Ganoderma lucidum) е опишана како магична билка , симбол на среќата и благосостојбата, позната во народот како “Ruizhi”,”Shenzhi”и “Xiancao”, што во буквален превод би значело добро расположение, виталност и мистериозна енергија.

Ganoderma lucidum (најчесто наречена Реиши ) се користела како животно важен еликсир, кој го поткрепувал здравјето и долговечноста. Овие својства на Реишито се забележани и опишани уште пред 2000 год. во медицинските и фармаколошкитеенциклопедии во Кина од легендарниот истражувач на билки, таткото на агрокултурата и медицината Јан Ди Шенонг-медицинската енциклопедија (Yan Di Shen nong Materia Medica).

Јан Ди Шенонг (Yan Di Shenong- 5000 ПХ) сл.2 бил познат како,,цар на пет зрна,, ( Emperor of the Five Grains). Заради начините на садењето и одгледувањето на билките и растенијата го носел уште и името божествен земјоделец (divine farmer) и бил прогласен за ,,бог на агрикултурата,,(God of Agriculture). Легендите велат дека тој своето знаеање за билките и растенијата го стекнал со постојано вкусување (пробување) на билките, растенијата и плодовите, за да го добие синонимот ,,бог на агрикултурата,, Легендите уште кажуваат и дека тој за еден ден пробувал стотици билки и се среќавал со 70-тина отрови на ден, при неговото истражување. Неговите практични прикази биле опишани во Шенонг Медицинската енциклопедија (Shennong Materia Medica 100 BC). Никој претходно немал направено толку голема истражувачка студија каде биле опфатени 365 медицински билки, поделени во 3 категории според медицинските и несаканите ефекти врз човековото здравје.

Највисоко рангирани по своите медицински ефекти и без никакви несакани ефекти по човековото здравје биле Реиши габите, кои биле поделени во 6 групи според бојата на габите –Cizi – црвени, Qingzhi – сини, Huangzhi – жолти, Baizhi – бели, Heizhi – црни, Zizhi – виолетови.Направена била категоризација и според вкусот и наменатаСлавниот лекар Ли Ши Жен (Dr. Li Shi Zhen) (1518-1593 год.) од династијата Mинг (1368-1644), во својата книга „Голема Енциклопедија на лековити билки“ – (Bfan Chao Gang Moo- Great Pharmacopoeia) ја сметал Реиши габата за најлековита од сите медицински билки, и ја рангирал пред Жен-Шенот (Ginseng) кoj дотогаш важел за билка на долговечноста. Др. Ли ја препорачувал употребата на Реиши печурката, како ефикасен лек во борба против многу болести и напишал дека долгорочното земање на Реиши овозможува создавање на имунолошки здрав организам и здраво тело. Затоа Реиши габата ја нарекол

повеќе на Продимед

Што е реиши , неверојатниот тоник на животот?

Дознајте за магичната билка , симбол на среќата и благосостојбата