, ,

Глутенот, млекото, месото, јајцата… Пријатели или непријатели?

Глутенот – причинител на болести

Ако сте го препознале типот на заболување на системот на варење кое го имате (пр. Гастроезофагеална рефлуксна болест, кога киселината од желудникот се враќа во долниот дел на хранопроводот, а се манифестира со печење во лажичката и позади градната коска, жиговина, мачнина, болка, подригнување; нервозни црева со наизменични епизоди на пролив и запек, грчеви и болки во стомакот, замор и анксиозност) ќе приметите дека глутенот, односно храната која го содржи, е причина за вашите симптоми.

Пред илјадници години исхраната на нашите предци се темелела на овошје и зеленчук кои биле главен извор на растителни влакна, така што човечкиот организам се навикнал на таа исхрана. А тогаш, пред 10000 години, благодарение на револуцијата во земјоделството, во исхраната биле вклучени и житарките. Изгледа дека житарките сепак не одговарале на сите, па затоа и денес многу од луѓето се алергични на протеинот (глиадин) содржан во нив, и страдаат од целијакија или покажуваат симптоми на интолеранција на житарки и страдаат и имаат проблеми со дигестивниот систем.

Но бидејќи луѓето веќе со илијадници години ги одгледуваат, житарките и денес се значаен дел од нашата исхрана. Забележувате дека во последните години имаме богата понуда од безглутенски производи. Се прашувате дали е тоа само тренд или вистинска потреба.
Од лично искуство и искуството на нашите пациенти тоа е потребно и производите богати со глутен треба да се намалуваат во исхраната, а истовремено тие се богати и со шеќери.

Dermatitis herpetiformis
Јадеж, црвенило и меурчиња на кожата на нозете и рацете се во директна врска со внесот на глутенот. Истражувањата објавени при крајот на 2015 во PubMed USA потврдија дека Dermatitis herpetiformis бил присутен и кај NCGS состојбата (Non Coeliac Gluten Sensivity) која во последно време се почесто се споменува.

Забавена работа на штитната жлезда – хипотиреоза
Кај забавена работа на штитната жлезда во нутритивната терапија препорачуваме без- глутенска храна. Редовно и доволно спиење е најдобра antiaging терапија, внес на здрав алкален зеленчук, здрави масти – незаситени омега 3 масни киселини, како и внес на високо квалитетни протеини, а одбегнување храна богата со шеќери и глутен е нутривната стратегија која ја препорачуваме кај хипофункција на штитната жлезда. Многу важно кај ова заболување е да се следи нивото на антитела ТПО (тироидно специфична пероксидаза), како и ИгГ или ТГ (тиреоглобулин) антиген антитела, а со тек на време состојбата може и да се подобри.

Артритис
И кај нутритивната стратегија кај артритисот препораката би била иста, без- глутенска исхрана, што го потврдија неколку истражувања, а едно од нив објавено во Arthritis Foundation наведува дека болките во зглобовите се поврзуваат со глутенот и артритисот.

Ментална замагленост
Состојба позната како Brain Fog која се одликува со заборавеност, се поврзува со внес на глутен. Пред повеќе од десет години кога безглутеските производи можеа да се набават само на специјални места, во Journal Of Neurology, Neurosurgery and Psychiatry 2002 беше објавено истражување кое потврди дека внесувањето на глутен е поврзано со Brain Fog.
Сите овие состојби го намалуваат квалитетот на животот, луѓето имаат недостаток на енергија и се чувствуваат постари. Кај многумина на кои им е дијагностицирана автоимуна болест честопати запаѓаат во депресија и не гледаат излез. На нашите пациенти секогаш им велиме дека веруваме во способноста за регенерација на нашето тело, а како доказ затоа е дека постојат таканаречени НК клетки (natural killers cells), еден вид на лимфоцити кои го јакнат имунитетот!

Др Горан Николов, интернист- кардиолог

Срце-Центар за внатрешни болести

ПОДДРШКА ОД „БОРТАС“ ЗА МЛАДИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ ЗА КУПУВАЊЕ ДЕЛОВЕН ПРОСТОР

Глутенот, млекото, месото, јајцата… Пријатели или непријатели?