, , , ,

Хигиената – основна превентива на пародонтопатијата

Тоа значи, четкање на забите најмалку два пати дневно – наутро и навечер пред спиење и употреба на конец барем еднаш дневно

Превенција на пародонтопатија

Најдобар начин за превенција на ова заболување е следење на програмата за добра орална хигиена, со која се започнува во најрано детство и се одржува во текот на целиот живот. Тоа значи четкање на забите најмалку два пати дневно – наутро и навечер пред спиење и употреба на конец барем еднаш дневно советува Д-р. Илиев.

Уште подобро е четкање на забите после секој оброк, како што препорачува и Вашиот стoматолог и употреба на специјални интердентални (меѓузабни) четкички за четкање на просторите меѓу забите. Комплетното четкање на забите со четка и паста и чистење со конец треба да трае од три до пет минути. Чистењето со конец  пред четкањето, овозможува отстранување на заостанатата храна и бактерии меѓу забите.

Освен добрата орална хигиена која е предуслов за добро орално здравје,во превентива на пародонтопатија се вклучуваат:

Редовните посети на стoматолог за преглед и контрола на Вашите заби. Посетите на стoматолог треба да вклучуваат професионално чистење на забен камен и дентален плак на секои шест месеци или најмалку  еднаш годишно. Доколку имате предиспозиција за пародонтопатија (генетска или од било кој друг фактор) овие контроли и третмани треба да се прават и почесто.

Откажување  од цигари е истотака еден од најважните начини за превенција на пародонтопатија совтува Д-р. Илиев. Пушачите се три пати повеке изложени на ризик за пародонтални заболувања од непушачите.

 

Пародонтопатијата е тивка болест.

Пациентите со ова заболување многу често доцна дознаваат дека имаат пародонтопатија, зошто почнува и се развива без некои посебни болки и тегоби за пациентот. Токму поради тоа, еднаш до двапати годишно треба да се прават комплетни испитувања на забите и периодонталното ткиво од страна на стoматолог,за да се спречи или навреме да се открие заболувањето додека сеуште може да се превземе соодветна терапија која ке даде позитивни резултати. Препорачливо е истотака еднаш на 2-3 години да се прават и контролни Рендген снимки на целото забало за да стoматологот може да ја види евентуалната рана ресорпција на алвеоларната коска.

За подетални совети Ви стоиме на располагање во нашата ординација Д-р. Илиев

video prezentacija na ordinacija D-R ILIEV

Centar za estetska celoliceva ortodontska i stomatoloska rehabilitacija

Geplaatst door Stomatoloska ordinacija D-R ILIEV op woensdag 25 november 2015

Поттикнете ја креативноста на вашето дете уште од раната возраст

Хигиената – основна превентива на пародонтопатијата