, ,

ИНТОЛЕРАНЦИЈА НА ХРАНА НЕ Е ИСТО ШТО И АЛЕРГИЈА НА ХРАНА

Интолеранцијата на храна и алергијата манифестираат исти или слични симптоми, но станува збор за сосема различни состојби

СИМПТОМИ НА ИНТОЛЕРАНЦИЈА
Метаболичката т.е вродената интолеранција, најчесто се јавува како резултат на недостаток или намалена активност на некој ензим, како последица на вродена грешка во генетскиот код на некој од ензимите, вклучени во сложени метаболички процеси.

Интолеранцијата најчесто настанува како последица на стрес, инфекции, апликација на лекови кои се причина за оштетување на ѕидот на дебелото црево. Ова резултира со премин на недигестрирана храна во крвотокот, која предизвикува продукција на специфични IgG антитела, формација на имуни комплекси кои на крај се манифестираат со појава на хронични воспалителни реакции.

Најчести симптоми на интолеранција на храна се: хронична прекумерна тежина, хронични гастроинтестинални проблеми: проливи, запек, стомачна болка, гасови, синдром на раздразливо црево, колики, чувство на подуеност, главоболки, мигрена, болка во зглобови, кожни проблеми: атописки дерматит, псоријаза, чешање, уртикарија.

ШТО Е АЛЕРГИЈА?
Алергијата претставува абнормална, бурна реакција на организмот на некоја супстанција, која вообичаено е безопасна за најголем број луѓе. Овие супстанции се нарекуваат алергени, а реакцијата која ја предизвикуваат се нарекува алергиска реакција. Внесувањето на антиген го сензибилизира (оптеретува) организмот, го стимулира да произведува антитела и ги стимулира клеточните имунолошки процеси, така што при повторно внесување на истиот антиген во организмот наместо заштитна реакција настанува тешка реакција во борба меѓу антигенот и хуморалниот и целуларниот имун систем. Алергијата најчесто се појавува од конзумирање храна и најчесто се манифестира со симптоми слични на симптомите на интолеранција на храна.

ПРИЧИНИТЕЛИ НА АЛЕРГИЈА
Постојат стотици причинители на алергии и тие се наоѓаат насекаде околу нас – во домот, работната средина, храната, природата што не опкружува. Зависно од тоа каде се одигрува самата реакција, алергијата може да се манифестира на најразличен начин – од солзење и црвенило на очите, секреција од носот, отежнато дишење и кивање, осип по кожата, па се до потешки и сериозни заболувања, кои се предизвикани од алергија – астма, хронични воспаленија на дишните патишта, кожни заболувања, нарушувања во варењето на храната и сл.

Подолу се прикажани основните разлики помеѓу алергија и интолеранција на храна:

АЛЕРГИЈА (IgE)
Акутен почеток
Позитивни алерготестови
Сомнеж за 1-2 состојки
Доволно е мн. мала количина храна
Зафаќа кожа и слузокожи
Лесно препознатлива
Перманентна (дефинитивна)

ИНТОЛЕРАНЦИЈА (IgG)
Одложен почеток, хронична форма
Негативни алерготестови
Сомнеж за повеќе храни (состојки)
Зависи од дозата
Ги зафаќа сите ткива
Тешко препознатлива
Можна е ремисија ако се одбегнува со соодветен режим на исхрана

УТВРДУВАЊЕ НА ИНТОЛЕРАНЦИИТЕ
Интолеранциите на храна може многу лесно да се испитаат со помош на софистицирана медицинска опрема која се користи во нутритивната област односно апаратот Mora-Super, апарат со напреднат софтвер со кој што располагаме во Центарот за внатрешни болести „Срце“ и кој ни овозможува по бескрвен пат да испитаме интолеранција на повеќе од 250 намирници. Врз основа на овие испитувања, како и на други медицински испитувања кој ни даваат увид во комплетната здравствена состојба на пациентот и во консултација со дипломиран нутриционист-технолог по исхрана и интернист-специјалист постои можност за изработка на персонализиран план на исхрана и елиминациска диета.

Купон за 20% попуст на тест за интолеранција на храна на повеќе од 250 намирници со можност за консултација со нутриционист


Сандра Петковска – дипломиран нутриционист и технолог по исхрана, ПЗУ „Срце“

АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА СО НОВА ЛОКАЦИЈА ВО НАСЕЛБА АЕРОДРОМ

ИНТОЛЕРАНЦИЈА НА ХРАНА НЕ Е ИСТО ШТО И АЛЕРГИЈА НА ХРАНА