, ,

Како да ги чувате вонсезонските пневматици во хотел за гуми со 5 ѕвезди

Пнеуматик ви нуди чување во хотел за гуми со 5 ѕвезди

W3.CSS
HalkBank

Ако спаѓате во категоријата возачи кои гумите ги чуваат дома, треба да знаете дека во најголем дел од случаите чувањето е неправилно. Гумите или се неправилно наредени или се несоодветно складирани или се изложени на надворешни влијанија.

За чување на гумите потребни се адекватни услови со цел да го одржат својот квалитет, рок на траење и подготвено да ја дочекаат следната сезона. Неправилното складирање на пневматиците значително ја намалува безбедноста при возењето.

Зошто хотел за гуми?

 

  1. Идеални услови на чување

Сите пневматици се складираат според правилата пропишани од производителот, односно на специјални сталажи така што притисокот е на повеќе точки на гумата, се со цел истата да не се деформира, односно да се избегне секакво искривување на гумите. Гумите не се изложени на никакво влијание на надворешни услови, хемикалии, влага и особено сонце.

 

  1. Се продолжува “животниот” век на гумите

Со правилно чување на вонсезонските пневматици се исклучуваат сите можни надворешни фактори за уништување со што се продолжува нивниот век на употреба.

 

  1. Заштеда на простор

Доколку немате гаража или подрум, оваа услуга е идеална за Вас.

 

  1. Осигурани и безбедни

Дури и кога имате гаража, подрум или заедничка просторија каде што би можеле да ги складирате вонсезонските пневматици, не можете да бидете сигурни дека истите ќе ги најдете таму каде што сте ги оставиле. Во Пнеуматик сите гуми се осигурани од кражба и пожар.

 

  1. Ниска цена на чување

Престојот во хотел за гуми чини 1.000 денари за сет гуми во една сезона, што практично значи помалку од 170 денари месечно.

 

Оставајќи ги пневматиците на чување во хотелот за гуми на Пнеуматик освен што гумите ги оставате во рацете на професионалци, штедите и драгоцено време затоа што при следната промена доаѓате за закажан термин, а гумите ве чекаат веќе подготвени за монтажа.

 

Контакт и повеќе инфо:

Центар – 071-368-321, 3231-808, centar@pneumatik.com.mk

Аеродром – 078-366-566, 5111-777, aerodrom@pneumatik.com.mk

www.pneumatik.mk

Кога купувате, бидете внимателни за какви СЕФОВИ и ВРАТИ ќе се одлучите

Како да ги чувате вонсезонските пневматици во хотел за гуми со 5 ѕвезди