, ,

Кои се главните виновници за дебелина и прекумерна телесна тежинa?

Околу 500 милиони возрасни во светот страдаат од дебелина, еден билион се со прекумерна телесна тежина, меѓу нив 48 милиони се деца. Всушност вкупната човечка маса во светот е значително зголемена. Светската здравствена организација (СЗО) денес дебелината ја смета за хронична прогресивна болест како резултат на мултипли генетски и фактори на околината.

Секој од нас познава по некој човек кој во изобилство консумира сладоледи, торти и сè што ќе му дојде на памет, а сепак нема проблем со тежината. Друга крајност се луѓето кои се дебелеат иако јадат многу малку. Зошто е тоа така? Која е причината поради која се дебелееме? Многу едноставно објаснување би било дека нашата телесна маса зависи од бројот на калории кои ги внесуваме, колку од нив складираме и колку калории трошиме. Но секој од овие фактори е под влијание на комбинацијата на гените и околината, т.е начинот на живот. Овие два фактори имаат влијание на нашата физиологија (како на пример колку бргу ќе ги потрошиме калориите) како и нашето однесување (пр. каква храна консумираме). Влијанието на овие два фактори стапуваат во сила уште во моментот на нашето зачнување и продолжува низ целиот наш живот.

Постојат повеќе од 400 различни гени одговорни за дебелина или прекумерна телесна тежина. Гените допринесуваат така што имаат влијание врз апетитот, ситоста, метаболизмот, силен нагон за одредени храни, распределба на масното ткиво и тенденција храната да се користи како утеха при стрес. Што се тоа “штедливи” гени? Порано кога немало улов на животни или немало жетва, како преживувале нашите претци без извор на храна? Оние кои биле способни да складираат масно ткиво во телото преживувале за разлика од оние кои не можеле да складираат масти. Оваа еволуциона адаптација објаснува дека повеќето луѓе денес (околу 85% од нас) носат т.нар. “штедливи” гени кои ни помагаат да складираме енергија и масти. Се разбира денес овие гени се повеќе проклетство отколку благослов. Храната не само што ни е насекаде достапна, туку ние и не мора да ја ловиме или береме. Напротив, луѓето со силна генетска предиспозиција за обезност може да не успеваат да загубат тежина со вообичаени диети и физичка активност. Дури и да загубат килажа, тешко можат да ја одржат. Типично овие луѓе имаат потреба од препораки од стручно лице како лекар и нутриционист.

Генетските фактори се внатрешната сила која ни помага да се дебелееме, а факторите од околината се надворешната сила која допринесува дополнително за овој проблем. Тука спаѓаат сите фактори од средината кои доведуваат до тоа да јадеме премногу или да вежбаме премалку. Затоа експертите сметаат дека факторите од средината се движечката сила која го објаснува драматичниот пораст на дебелината. Шеќерната индустрија со моќни маркетиншки трикови ни го одвлече вниманието од јаглехидратите и воопшто шеќерите и ни го насочи кон мастите. Денес уште од детска возраст консумираме храна која е висококалорична, процесирана, без хранливи материи. Во храната во која наводно “нема шеќер” има вештачки засладувач, храната која е “без холестерол” или “со ниска масленост” е збогатена со шеќери, млечните ферментирани производи се со додаток на растителни масти (трансмасти) кои се канцерогени како и додаток на скроб.

Храната со висок гликемиски индекс како слатки, бели тестенини, компир, ориз и сл. нагло го зголемуваат шеќерот во крвта и стимулираат глад и силен нагон за храна што доведува до прејадување. Од друга страна пак движењето ни е сведено на минимум и сè повеќе постојат докази дека начинот на кој живееме-колку спиеме, нивото на стрес и други физиолошки фактори-допринесуваат за дебелеење.

Дебелината и прекумерната телесна тежина се третираат со режим на исхрана и физичка активност, а некогаш неопходна е и медикаментозна терапија. Денот започнете го со млака вода со лимон со цел да го алкализирате телото. Никогаш, ама баш никогаш не го прескокнувајте доручекот, а истиот нека биде кралски со цел да имате енергија до следниот оброк. Не грицкајте помеѓу оброци, а слатките нека не ви бидат секојдневие. Не ја прескокнувајте вечерата. Во неделата одвојте барем 5 дена по 30-тина минути за физичка активност, доволно е само брзо одење или велосипед. Викендите или слободното време поминувајте го на чист воздух. Трпението, храната и физичката активност нека ви бидат лек.

Во центарот за внатрешни болести „СРЦЕ“ нудиме нутриционистички програми за пациенти со прекумерна телесна тежина и сме единствени во Македонија кои работиме со лиценца за ХРОНО исхрана. Во тимот се вклучени дипломирани нутриционисти, а пациентите се под лекарска контрола, па затоа и успехот е огромен и резултатите се очигледни. Правиме метаболна проценка, а некогаш кога е неопходно и хормонални испитувања и ординираме соодветна терапија и суплементи. Во Центарот за внатрешни болести СРЦЕ тимската работа е клучот за успех.

Др. Маја Врчаковска, спец. интернист

Глутенот, млекото, месото, јајцата… Пријатели или непријатели?

Кои се главните виновници за дебелина и прекумерна телесна тежинa?