,

Л-Децибел со најдобри решенија за звучна и акустична изолација за станбени и деловни објекти

Л-Децибел е македонска компанија која врши комплетен инженеринг за звук и акустика.

Бучавата во денешно време е една од главните “виновници” за драстично намалениот квалитет на живеење, особено во урбаните градски средини, каде што секојдневно и постојано свесно или несвесно сме изложение на неа. Светските истражувања се повеќе ја потенцираат потребата од освестување на луѓето на глобално ниво од штетните последици врз здравјето на човекот предизвикани токму од бучавата.  За да се постигне намалување на бучавата во објекти каде што е константно присутна се користат низа на различни системи и материјали кои со добро поставување може да обезбедат намалување на нивото на бучaвата и до повеќе од 95%.

Вревата во домот, често предизвикана од гласните комшии, лошата локација на станбените објекти, постојаната изложеност на густ сообраќај е проблем со кој се соочуваат голем број на македонски семејства. Знаејќи ги го овој проблем и добиените информации од Светската здравствена организација, дека „загаденоста со бучава” е една од главните закани по јавното здравје, веднаш по загаденоста на воздухот и е одговорна за различни состојби на стрес, преку нарушено спиење, до срцеви проблеми и мозочни удари, беа доволна причина да се одлучиме да основаме тесно специјализирана компанија која ќе нуди врвни услуги за звучна изолација и акустика. На нашата земја и беше потребна ваква компанија бидејќи состојбата со бучавата стануваше полека но сигурно алармантна.

Л-Децибел е македонска компанија која врши комплетен инженеринг за звук и акустика. Работи доста активно на македонскиот пазар, а на своите клиенти им нуди професионален пристап и третман на нивните проблеми поврзани со звукот и акустиката. Компанијата работи по современи методи преку соодветна и професионална- високо технолошка опрема, секојдневно инвестирајќи во најсовремени методи за заштита од бучавата.
Повеќе информации за самата компанија и услугите кои ги нуди може да се најдат со посета на официјалната веб страна на компанија: www.ldecibel.mk

МИКРОДЕРМОАБРАЗИЈА

Л-Децибел со најдобри решенија за звучна и акустична изолација за станбени и деловни објекти