, , ,

Навика на цицање прст или цуцла

Како оваа навика влијае на забите на моето дете?

Цицањето претставува природен рефлекс кај децата. Навиките како цицање на прст, користење цуцла или други предмети им овозможува на децата чувство на спокој и сигурност и претставува начин на осознавање на светот. Децата ја користат оваа навика за да се смират самите себе, а исто така им помага и во процесот на заспивање.

Како оваа навика влијае на забите на моето дете?

После никнувањето на трајните перманентните заби, оваа навика може да предизвика проблеми во растот и развојот на устата и поставеноста на забите.
Истото се случува и со користење на цуцла лажливка, но најчесто последиците од оваа навика се полесни за отстранување.
Главниот фактор кој влијае на степенот на малформации на устата и забите кои ќе се развијат поради оваа навика е се разбира интензитетот на цицањето.
Повременото и пасивно цицање на палецот имаат помала веројатност да развијат тешки вилични малформации, за разлика од агресивното и енергично цицање прст.

Кога децата престануваат со оваа навика? Како да му помогнете на Вашето дете да престане со оваа навика?

Во периодот помеѓу втората и четвртата година или периодот пред никнување на трајните заби, децата најчесто спонатно престануваат да ја користат оваа навика. Се разбира доколку забележите промени дури и кај млечните заби на вашето дете или сте загрижени за оваа навика најдобро е да посетите стоматолог.

Како да му помогнете на Вашето дете да престане со оваа навика?

  • Постојано фалете го Вашето дете во периодите кога не ја практикува оваа навика.
  • Децата најчесто го цицаат прстот кога се чуствуваат несигурно или неспокојно. Пробајте да ја пронајдете и отстраните причината за таа вознемиреност и неспокој.
  • Кај постари деца, вклучете ги и нив во избирање на најсоодветен метод за запирање на оваа навика.
  • Стоматологот може да ви помогне во охрабрување на Вашето дете да прекине со оваа навика, објаснуваќи ги последиците кои многу веројатно ќе настанат ако не се прекине.
  • И за крај, народниот лек за оваа навика, предвидува преврзување на прстот со газа или премачкување со горчливи состојки (лута пиперка, ѓумбир).

Која е разлика помеѓу протеинска диета и ниско-енергетска диета!

Навика на цицање прст или цуцла