,

Неделна временска прогноза 27-30 ноември

#spremnizapat #спремнизапат #weather4all #vremenskaprognoza #временскапрогноза #квалитетнавоздух

ЕВРОПА – Во понеделник помеѓу Британските острови и Скандинавија ќе се наоѓа центар на поле на низок воздушен притисок кој што во западна, северозападна, северна како и североисточна Европа нестабилно време со врнежи од дожд кои што ќе бидат проследени со засилен ветер. Врнежи од дожд и снег се очекуваат на Балканскиот полуостров и југоисточна Европа. Во останатите предели од континентот ќе биде претежно сончево со локална облачност и релативно топло време со температури кои што ќе бидат над повеќегодишниот просек за овој период од годината.

 

БАЛКАН – На Балканскиот полуостров под влијание на широко поле на циклонска атмосферска циркулација ќе преовладува нестабилно време со врнежи од дожд и снег кој што ќе бидат проследени со засилен ветер како и продор на студена воздушна маса од север што ќе услови пад на дневните температури кои што ќе се движат од 0 до 12 степени.

 

МАКЕДОНИЈА – Врнежите од дожд кои што ќе започнат во текот на ноќта недела кон понеделник ќе продолжат и во понеделник во текот на целиот ден, ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, додека над 700 метри врнежи ќе бидат од снег. Поради продорот на студена воздушна маса ќе услови и спуштање на снежната граница па така кон крајот на денот врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и над 300 метри надморска висина. Ќе дува засилен северозападен и североисточен ветер што ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Максималните температури ќе бидат во утринските часови и ќе се движат од 3 до 10 степени, а во текот на денот температурите ќе бидат во опаѓање и кон крајот на денот ќе достигнат до -2 односно до 4 степени.

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во вторник дополнителен пад на температурите што ќе услови врнежи од снег, студено и ветровито време. Утринските температури од -4 до 2 степени, а дневните од -1 до 6 степени. Во среда студено утро со утрински температури од -7 до -1 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и студено време со температура до 1 односно до 8 степени. Во четврток и петок повторно дестабилизација на времето, умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, а над 1000 метри врнежите ќе бидат од снег. Минималните температури од -1 до 5 односно -3 до 3 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат од 3 до 10 односно од 1 до 8 степени.

 

СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во вторник облачно време со врнежи од снег и дневна температура до 3 степени. Во среда студено утринска температура со минимални -3 степени, а во текот на денот претежно сончево со локална облачност и дневна температура до 5 степени. Во четврток и петок облачно време со врнежи од дожд и  дневна температура до 7 односно до 5 степени.

 

 

Временска прогноза и квалитет на воздух – 22 ноември 2017

Неделна временска прогноза 27-30 ноември