,

Неделна временска прогноза и квалитет на воздух – 20 ноември 2017

#spremnizapat #спремнизапат #weather4all #vremenskaprognoza #временскапрогноза #квалитетнавоздух

Денес е понеделник, 20 ноември 2017 година, 324-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:23, а ќе зајде во 16:14 часот. Денот ќе трае 9 часа и 51 минути.

Врнежите од дожд и снег на ридско-планинските предели и на планините над 700 метри престануваат и во овие утрински часови насекаде во Македонија имаме претежно облачно, ветровито и студено време.

МАКЕДОНИЈА – Врнежите од дожд кои што ќе започнат во текот на ноќта недела кон понеделник ќе продолжат и во понеделник во утринските и претпладневните часови. Над 700 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег. Во попладневните часови врнежите од дожд и снег ќе престануваат и намалување на облачноста. Ќе дува доумерен засилен североисточен и северозападен ветер. Минималните температури се очекуваат кон крајот на денот во доцните вечени часови и ќе се движат од -5 до 5 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 3 односно до 12 степени.

 

КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ – Според измерените податоци во 6 часот на сите мерни места имаме ниско ниво на загаденост на воздухот, на сите станици нивото на штетни честички во воздухот е на ниско ниво. Во изминатите 24 часа најзагадени градови беа Битола 154 микрограми на метар кубен, Кочани 112 микрограми на метар кубен, и во Скопје од 70 до 90 микрограми на метар кубен на сите мерни станици.

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во вторник студено утро со утрински температури од -8 до 0 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и дневни температура од 5 до 14 степени. Во среда и четврток по студеното утро со утрински температури од -6 до 2 односно од -5 до 3 степени, во текот на денот ќе биде сончево и малку потопло време со дневни температури кои што ќе се движат во интервал од 6 до 15 степени односно од 7 до 16 степени. Стабилно време не очекува и во петок кога ќе преовладува сончево време. Минималните температури од -5 до 3 степени, додека пак дневните од 7 до 16 степени.

 

СКОПЈЕ 5 ДЕНА –  Во вторник студено утро со утринска температура од -2 степени а во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и дневна температура до 10 степени. Во среда и четврток студено утро со утринска температура од 0 односно 1 степен, во текот на денот сончево и малку потопло време со дневна температура до 11 односно до 12 степени. Во петок сончево и релативно топло време за овој период од годината. Утринската температура од 1 степен а максималната дневна до 12 степени.

 

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во сабота умерено облачно време со повремени сончеви периоди. Минималните температури од 1 до 10 степени, додека пак максималните дневни температури од 6 до 15 степени. Во недела студено утро со утрински температури од -2 до 6 степени, во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и дневна температура од 3 до 12 степени. Во текот на ноќта недела кон понеделник како и понеделник продор на влажна и студена воздушна маса од север што ќе услови облачно време со врнежи од дожд а на ридско-планинските предели и на планините над 700 метри надморска висина врнежи ќе бидат од снег кои што ќе бидат проследени со засилен ветер и пад на температурите. Минималните температури од -4 до 4 степени додека пак дневните од 0 до 9 степени. Во вторник студено утро со утрински температури од -7 до 2 степени, а во текот на денот ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди и студено време. Максималните температури до 2 односно до 11 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во сабота и недела умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо време со температура до 12 односно до 9 степени. Во понеделник облачно време со врнежи од дожд, ветровит и студено време со температура до 6 степени. Во текот на ноќта недела кон понеделник и во понеделник на падините на Водно се очекуваат врнежите да бидат од снег. Во вторник студено утро со утринска температура од -1 степен, во текот на денот умерено облачно време со повремени сончеви периоди и дневна температура до 8 степени.

АМСМ услуги – состојба на патишта и гранични премини ПОНЕДЕЛНИК, 20 НОЕМВРИ 2017

Неделна временска прогноза и квалитет на воздух – 20 ноември 2017