, ,

Нова теататарска претстава Ужегнатост – претстава која не се пропушта

Ни претставува задоволство да ја најавиме премиерата на театарската претстава УЖЕГНАТОСТ, во продукција на Артопија – Скопје.

По успешната реализација на претставите ДА ГО ПОЗДРАВИШ И ДА МИ ГО БАЦИШ и ЕКСПЕРИМЕНТ, УЖЕГНАТОСТ е трета театарска претстава во продукција на Артопија – Скопје.

Секое време, си носи свое бреме… секој политички систем, си носи свои маани и предности… но постојат негативни општествени појави, човечко однесување и реакции, кои се провлекуваат низ сите периоди на човековото постоење, а посебно се потенцираат во системи и ситуации на режимско владеење.

Овој проект е суптилна критика на потчинетоста на одредена група „привилегирани“ луѓе(службеници), чија неспособност, безгласност и понизност служи како алатка за манипулација на обичниот народ, од страна на „големите“ политички величини.

УЖЕГНАТОСТ е театарска претстава, во продукција на „Артопија“ – Скопје, работена по текст на чешкиот автор Иван Вискочил, а во режија на Владимир Милчин.

Премиерата на претставата е закажана за среда(07.02.) во 21:00 часот, а репризното издание, ден покасно четврток(08.02.) во 21:00 часот.

Локација на изведба – Детски театарски центар, Стара Чаршија(бившо Кино Напредок).

Цената на билетот е 300 денари.

Билети може да се набават и преку продажната мрежа на мк тикетс, на следниов линк: http://mktickets.mk/nastan/uzegnatost-07-02/

Како со DNASportFit и анализа на вашата ДНК да го пронајдете тренингот / диетатасоодветна за вас

Нова теататарска претстава Ужегнатост – претстава која не се пропушта