, ,

Покачениот крвен притисок – тивок убиец

Хроно исхраната вклучува три главни оброка, за кои е важна сатницата, а една од најважните цели е обескиселување (алкализација) на организмот.

Една од најчестите болести на современиот човек е артериската хипертензија. Таа е синоним за покачен крвен притисок кој тесно корелира со зачестеноста на кардиоваскуларни заболувања, а посебно мозочниот удар, коронарната артериска болест, срцева и бубрежна слабост, расцепување на аортата и тн.

Како дефиниција за покачен крвен притисок се смета кога вредностите на систолниот притисок се еднакви или повеќе од 140 милиметри живин столб (18.6 kPa друга мерна единица), а на дијастолниот притисок еднакви или повеќе од 90 милиметри живин столб (12.0 kPa). Кај повеќето луѓе кои имаат артериска хипертензија не може да се открие причината за покачен крвен притисок и се нарекува есенцијална или примарна хипертензија која ја имаат повеќе од 95% луѓе. Сосема мал број луѓе кои страдаат од покачен крвен притисок имаат ендокринолошки, бубрежни и други заболувања.

Луѓето со покачен крвен притисок немаат симптоми сѐ додека не се рaзвијат компликации и тоа претставува главна причина за задоцнето лекување. Кај напредната артериска хипертензија често се јавуваат тилни главоболки повеќе наутро, зуење во ушите и вртоглавица. Другите симптоми одговараат на болестите од засегнатите и оштетени органи (коронарната болест ќе се манифестира со градни болки, срцевата слабост со замор и отежнато дишење и тн.).

Дијагностика

Дијагностичката постапка има три основни цели: Потврдување дека се работи за постојано покачен крвен притисок, проценка на тежината на артериската хипертензија, да се откријат секундарните форми на болеста кои се доста ретки, но потенцијално излекувачки.

Ненавремено откривање и лекување доведува до оштетување на крвните садови и развој на нивно предвремено стареење (забрзана артериосклероза) кое ги зафаќа најчесто крвните садови на бубрезите, мозокот, срцето, очите или таканаречени целни органи. Развојот на компликации доведува до оштетување на целни органи и последователна појава на ангина пекторис, инфаркт на срцевиот мускул, крвавење и инфаркт на мозокот, срцева и бубрежна слабост.

Лекувањето на покачениот крвен притисок се состои во промена на стилот на живеење или општи мерки, како и постојано земање лекови за намалување на притисокот.

Општи мерки

Основна мерка е спроведување диета и снижување на прекумерната телесна тежина. Намалениот внес на готварска сол во исхраната има делотворен ефект од просечни 10 на 5 грама на ден. Внесот на алкохолни пијалоци треба да биде ограничен на 30-40 грама на ден (пример 2 дл вино). Престанок на пушењето е една од основните мерки против покачениот крвен притисок. Редовната физичка активност-кардиофитнес (трчање, пливање), може да го намали крвниот притисок.

Лекарства

Лекарствата кои го снижуваат крвниот притисок се делат во неколку групи, а во зависност од пропратните болести, како и оптоварување од ризик фактори за атеросклеротска болест (зголемени маснотии во крвта, шеќерна болест, пушење) лекарот ќе одлучи со кој лек ќе го третира болниот со покачен крвен притисок.

Презпознајте ја хипертензијата!

17 мај е светски ден на хипертензија, а наша цел е да ја подигнеме свесноста за таканаречениот „тивок убиец“. Голем број луѓе со покачен крвен притисок немаат тегоби и не знаат да ја препознаат хипертензијата навремено, а непрепознаена хипертензија од пациентите, а понекогаш и од лекарите или нелекувана го зголемува ризокот за мозочни удари до 7 пати.

Поради гореспоменатите можни и сериозни последици предизвикани од нелекување на покачениот крвен притисок, интернистичкиот тим на Центарот за внатрешни болести „Срце“ советува за превентивни прегледи кои би довеле до навремено дијагностицирање и третирање на хипертензијата. Повеќе информации околу превентивните прегледи за хипертензија можете да добиете на следниот линк: http://srce.com.mk/%D0%BF%D0%BE%D0%BF%D1%83%D1%81%D1%82-%D1%85%D1%80%D0%BE%D0%BD%D0%BE/

Д-р Маја Врчаковска, спец. интернист во Центар за внатрешни болести „Срце“

(Промотивен текст)

Резултатите од хроно исхраната се „две во едно“

Покачениот крвен притисок – тивок убиец