, , ,

ПРАВИЛНА ИСХРАНА

Исхраната е единствената значајна одредница која е целосно под ваша контрола. Конечната одлука за тоа што ќе или нема да внесете во вашето тело. Другите детерминанти, како што се квалитетот на воздухот, кој го вдишувате, бучавата на која сте изложениемоционална клима на вашата околина – не секогаш може да се контролира, но затоа пак можете да го контролирате она што го јадетеМногу е важно да одберете храна која ќе придонесе во подобрување на вашето здравје. Правилно избалансирана храна земена во вистинско време е секогаш добар избор.

Погрешен избор на храна во одредено време од денот доведува до создавање на метаболен отпад и труење на клетките на организмот.Ова со време предизвикува разни заболувања, на прво место настануваат разни метаболни нарушувања (шеќерна болест, како последица на исцрпеноста на панкреасот, пореметувања на липидниот стстуа – зголемени вредности на триглицериди и холестерол во крвта, а а како последица на тоа заболувања на срецето и крвните садови, покачен крвен притисок, но и прерано стареење, разни форми на малигнитет, дегенеративни заболувања, гојност и тн.) Најчесто видлива последица на грешките во исхраната е дебелеењето како општо така и парцијално (насобирање на масни депозити во одредени делови на телото). Со правилната исхрана и со планирањето на секојдневните оброци го намалуваме ризикот од гоност. Дебелината е еден од водечките фактори во светот кој влијае врз појавата на хронични незаразни болести како што се дијабетесот тип 2 или кардиоваскуларни болести.

10% попуст на програм за хроно исхрана + бескрвна лабораторија во “Срце-центар за внатрешни болести”

Урамнотежената и разновидна исхрана е основа на здравјето, а истовремено помага во регулирањето на телесната маса.

Не постои „добра“ или „лоша“ храна, но затоа постои добра или лоша исхрана.Секогаш има време да влијаете врз вашето здравје.Секогаш има време да се храниме правилно.


Апарати за ХРОНО исхрана

Во нашиот Центар за внатрешни болести СРЦЕ постојат неколку дијагностички процедури, кои се спроведуваат пред и за време на програмот.
– Првиот апарат, inBody 720, е софистициран апарат кој служи за сегментално одредување на составот на човечкото тело, колку содржи течност во клетките и вонклетките, како и севкупната течност во организмот кај човекот, понатака количеството на севкупните масти, како и мастите околу внатрешните органи изразено во килорграми, тежината на коскеноминералната маса, тежината на скелетномускулната маса, количеството на протеини во организмот, како и одредување на базалниот метаболизам. Од сите параметри, на крај се калкулира и здравствено-физичкиот score.
– Вториот апарат е Mora-Super, апарат со напреднат софтвер кој служи за откривање наинтолеранција на одредени храни, без анализи на крвта.
После оваа опфатна дијагностика, се применува индивуален програм на специјална исхрана со неопходна консултација на нутриционист и лекар-специјалист.

8 работи кои треба да ги знаете за вашето орално здравје, кои најверојатно не ги знаете

ПРАВИЛНА ИСХРАНА