, ,

Кои се предностите на соларното греење

За разлика од фосилните горива, соларната енергија е бесплатна и  достапна во неограничена количина, не произведува штетна емисија на јаглерод диоксид. Модерните системи за греење можат да се комбинираат со соларни колектори и го прават греењето со соларен систем  одлична опција за припрема на топла вода или за поддршка на кругот на греење.

Интересно

Унгарката Марија Телкес е одговорна за првиот систем за греење на соларна енергија. Таа во 1925 година се преселила во САД и започнала да работи на еден проект кој се бавел со оваа проблематика. Во 1940 година таа го направила и развила првиот соларен систем за греење на домови, а за реализација на овој проект ѝ помогнала уште една успешна жена, архитектката Еленор Рејмонд.

Предности на соларното греење:

  • Неисцрпна, бесплатна количина на енергија
  • Нема емисија на јаглерод диоксид во текот на работата
  • Заштедувате до 60% енергија за припрема на топла вода

Како работи соларното греење?

Во соларниот систем одредена течност струи меѓу колекторот и посредникот. Оваа течност се загрева во апсорберот на колекторот, а понатаму ја предава топлината на водата која е во бојлерот.

Колку топлина дава еден колектор?

Интензитетот на сончевото зрачење не е константен во текот на целата година. Иако во летните месеци до колекторот доаѓа сончево зрачење поголемо од 1000 W/m2, истото во целост не може да биде искористено. Поради загубите во колекторот, цевоводот, изменувачот  итн, на водата која се загрева во бојлерот од колекторот и се предава одприлика 600 W/m2.

Со други зборови, еден колектор на водата во бојлерот би предал околу 1500 W. Ова важи за летен сончев ден.

Зошто вградените плакари од СФ Мебел се вистинскиот избор за Вас

Кои се предностите на соларното греење