, , , , ,

Превентива за лошото држење на телото кај децата и младината

#backtoschool

W3.CSS
HalkBank

Денес во време на современа технологија децата се изолирани од посериозна физичка активност. Иако многубројните научни истражувања во пракса покажале дека физичката активност, со рационално водење на животот е еден од главните предуслови за развој и одржување на физичката и психичката здравствена состојба на децата и возрасните. Сепак според најновите истражувања во нашата земја со организирана физичка активност се занимава незначителен број од вкупното население што претставува сериозен проблем за иднината на младите генерации.

 

Голем е процентот на загрижени родители кои се почесто се соочуваат со лошо држење на телото но и со сериозни телесни деформитети кај своите деца, што е директна последица на запоставување на физичката  култура  и бавењето  со спорт.

Факт е дека наставата по физичко и здравствено воспитување ја има во незначителен обем или некаде и воопшто непостои, особено кај децата од прво до петто одделение .Со вончасовни спортски активности се занимаваат многу мал процент од учениците и сето тоа заедно  резултира со гојазност, голем број телесни деформитети и лошо држење на телото кај децата.

Извештајот од последниот систематски преглед кај учениците во основните и средните училишта сведочи за мошне сериозен број телесни деформитети кај децата. Имено, од 60.701 прегледан ученик, 11.013 или 18.1%  се деца со деформитет на рбетниот столб,  10.888 или 17.9 % се со лошо држење на телото,  9.809 или 16.2 %  се со деформитети на стопало, додека 5.407 или 8.9 % имаат проблеми со видот.

Сведоци сме дека современите деца, особено во градските подрачја, често растат во опкружувања кои, во голема мера, се разликуваат од опружувањата во кои растеле постарите генерации. Главната разлика е во тоа што тие многу помалку време поминуваат на отворен простор, помалку се дружат со другите деца и многу време поминуваат покрај екраните на различните електронски уреди. Покрај телевизорите, тука се ДВД плеерите, различните конзоли на детски игрици, компјутери, таблети, смартфони и бескрајни содржини на интернет. За разлика од претходните генерации, денешните деца растат речиси комплетно во дигитално опкружување без редовно систематско занимавање со физичка активност.


СЦ Вардар

тел. 070 262 307 & 078 291 904

Facebook –  SC Vardar

Покачениот крвен притисок – тивок убиец

Превентива за лошото држење на телото кај децата и младината