, ,

Што се ХПВ инфекции

Човечкиот папиломен вирус (HPV — Human Papillomavirus) е папиломен вирус кој ја инфицира кожата и мукозните мембрани кај луѓето. Многу е поопасен за жени отколку за мажи. Идентификувани се околу 130 типови HPV. Некои типови на HPV предизвикуваат појава на брадавици (verrucae), некои предизвикуваат рак, а некои немаат никакви симптоми. Повеќето луѓе кои се заразени од HPV не знаат дека го имаат вирусот.[1]

Околу 30-40 типови на HPV вообичаено се пренесуваат преку сексуален контакт и го заразуваат аногениталниот дел. Некои полово преносливи типови на HPV можат да предизвикаат генитални брадавици. Долготрајна инфекција со „високоризични“ типови на HPV кои се поинакви од оние што предизвикуваат брадавици можат да напредуваат до предканцерозни лезии и инвазивен карцином.[2]Заразеноста со HPV е причина за речиси сите случаи на рак на грлото на матката.[3] Меѓутоа, повеќето од овие типови не предизвикуваат болест.

За да се откријат измени на ткивото се зема цервикален Папаниколау тест. Ова овозможува прецизно хируршко отстранување на кондиломатозните и/или потенцијално предканцерогенозните ранички пред да дојде до развивање на агресивниот рак на грлото на матката. Иако проширеноста на Пап-тестирањето ја намали зачестеноста и фаталноста на ракот на грлото на матката во развиените држави, оваа болест сепак убива неколку стотици илјади жени годишно низ целиот свет.[4] HPV-вакцинитегардасилот и цервариксот, кои спречуваат заразување со некои од полово преносливите типови на HPV што се воедно и најзастапени, може да водат кон намалување на бројот на канцери предизвикани од HPV.[5]

Ракот на грлото на матката во повеќето случаи е предизвикан од вирус наречен хуман папилома вирус (HPV). Времето помеѓу почетната HPV инфекција и развојот на цервикален рак обично се развива со децении.

Инфекцијата со HPV, обично се одвива без симптоми и се утврдува случајно при профилактика со ПАП тест и / или HPV- ДНК тест, каде само овој HPV- ДНК тест, може недвосмислено да ја докаже постоечката инфекција. Недефинирана и непроследена од лекар, HPV инфекцијата може да предизвика рак на грлото на матката. За жал, симптомите кај рак на грлото на матката се неспецифични. Најчесто поплаките се појавуваат кога болеста е во напредната фаза. Овој вид на рак може да се спречи преку превенција, како и да биде успешно лекуван, ако се открие во рана фаза.

Профилактичните прегледи и истражувања се од огромно значење, како што се во современата дијагностика комбинирањето на цервикалната цитологија со ДНК тестови за докажување на присуството на хуманиот папилома вирус (HPV) на грлото на матката, ја зголемува надежността и информативната вредност на профилактичните истражувања.

a)    Генитални инфекции со HPV

Хуман папилома вирусот е еден од најпознатите продорни вируси пренесуван главно преку сексуален контакт.

Познати се над 40 типа HPV сексуално преносливи вирусни типови, како само еден дел од нив се со докажан онкогенен потенцијал и затоа овие вирусни типови се групирани во посебна група на високоризични вирусни типови. Инфекцијата со високоризични типови HPV, познати како канцерогени, се главен услов за понатамошно настанување и развој на рак на грлото на матката.
Други вирусни типови се поврзани со бенигни или ниско-ризични цервикални клеточни промени и / или генитални кондиломи, поради што се вклучени, како претставници на групата од ниско ризични вирусни типови.

Класификација на вирусни типови HPV според нивната цервикална онкогенност

високоризични типови: 16, 18, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 56, 58, 59, 66, 68
средноризични типови: 53, 73, 81, 82
ниско  ризични типови: 6, 11, 42, 43, 44, 40, 61, 54, 55, 70, 57, 71, 72, 84, 26

b)    Течно – базирани ПАП тестови

ПАП тестот е медицинско испитување за рано откривање и дијагностицирање на цервикален рак. Овој вид на рак е единствениот малиген тумор со докажана вирусна етиологија, предизвикан од хуманиот папилома вирус (HPV). Во современата дијагностика комбинирањето на цервикалната цитологија со ДНК тест за утврдување на присуство на високоризичен тип на HPV, ја зголемува ефикасноста на профилактичните тестови за рак на цервиксот.

Течно базираната цитологија е првото реално подобрување на традиционалниот ПАП тест и е современиот златен стандард во цервикалната цитологија. Овој нов тест обезбедува ново ниво на сигурност и прецизност на добиените резултати, што се условува од следниве подобрувања:

Во лекарскиот кабинет:
o    Примероците се земаат со четка или со четка и шпатула и собраните клетки се пренесуваат во контејнер со течна средина.
o    100% од Ексфолираните клетки се ослободуваат во садот со течна средина и последователно се анализираат.
 
Во лабораторијата (Апарат ги обработува земените примероци каде притоа врши):
o    Хомогенизација на клеточниот материјал во течноста и не дозволува формирање на натрупувањето од клетки.
o    Ги распределува клетките во тенок монослој.
o    Отстранува крв, слуз и други артефакти.
o    Драстично го подобрува квалитетот на препаратот.

НИКИВИТА ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК , АНТИОКСИДАНТ И БИОСТИМУЛАТОР

Што се ХПВ инфекции