, , , , ,

Што е птоза и како се лекува

Совети од докторите на Европска Очна Болница

Птоза означува паднат горен капак.

Пациентите кои имаат птоза на едниот или на двата горни капаци неможат да ги подигнат докрај, обично заради повреда на мускулот кој го подига капакот.

Засегнатиот капак може само дискретно да е паднат или наполно да ја покрива зеницата на окото и соодветно на тоа да неможе да гледа. Заболувањето може да биде вродено, добиено при раѓањето или да се појави подоцна – придобиено. Кога птозата е лесна, оперативното лекување има козметична цел да се добие лицева симетрија. Но кога птозата е во одминат степен и ја покрива зеницата, особено кај децата и пречи во гледањето, може да доведе до мрзливо око. Во овој случај оперативното лекување на птозата е со цел за запазување и подобрување на видот.

Вродена птоза

Вродената птоза најчесто е причинета од неподполно развиен мускул кој го подига капакот наречен – леватор, или негова слабост. И покрај тоа што вродената птоза обично е изолирана, децата со вродена птоза може да имаат и проблеми со подвижността на очниот булб, заболувања кои засегаат и други мускулни групи, или невролошки заболувања. Не третираната птоза со времето не се подобрува сама од себе си. Кога детето е родено со птоза, задолжително е да се третира. За да се осигурни нормален развој на видот и да се предодврати амблиопија (мрзливо око). Децата со птоза најчесто ја наклонуваат малку главата наназад за да може да гледаат или ги подигаат веѓите повеќе во обид да гледаат подобро.

Терапија

Најчесто е неопходен хирушки зафат и покрај тоа што постојат исклучоци кај кои може и само консервативно да се третира. Офталмологот преценува за неопходността на операција, зимајки ја во предвид возрастта на пациентот, сериозността на птозата и дали едниот или двата капаци се засегнати. Измерувањето на ширината на очната апертура, функцијата на мускулот кој го подигнува капакот, подвижноста на очните булби, му помагaат на докторот во преценката за видот на хируршкиот зафат. Секое дете со птоза, оперирано или не треба да биде прегледувано еднаш годишно.

Птоза кај возрасни

Најчесто птозата кај возрасни луѓе е причинета од, одделувањето на мускулот – подигнувач од тарзалната плочка “структури на очниот капак”. Причината е во процесот на стареење на ткивата, хирурчки зафат на окото, травма или невролошка или во склоп на некое друго системно заболување.

Терапија

Кај возрасните луѓе е многу важно да се правилно дијагностицира причината за птозата,од кое следи правилниот третман.
Офталмологот може да препорача лабораториски испитувања на крвтта, ренгенграфии комјутер томографија , или и други дијагностички методи, како и дополнителни консултации со невролог или интернист ако за тоа има потреба во интерес на откривање на причината која довела до птоза.

Лекувањето во поголемиот процент е оперативно, но има исто и исклучоци каде што птозата се набљудува и третира конзервативно.

 


Европската Очна Болница е специјализирана офталмолошка институција со која во Македонија воведуваме европска процедура за дијагностика и операции со врвна технологија и искусен тим. Во нашата болница ќе добиете одговорна и професионална грижа за решение на проблемот со вашиот вид.

Лекарската екипа составена од еминентни офталмолози-специјалисти ќе бидат на ваше располагање обезбедувајќи ви квалитет, брзина и високостручно лекување.Секој наш пациент станува дел од нашето семејство и добива врвна медицинска услуга од дијагностика до третман по принципот “додека да трепнеш со око”. Компетентноста на нашиот тим е потврдена со процентот на неуспешни операции кој го има матичната болница во Турција во своето долгогодишно работење.Тој изнесува фантастични 0,001 процент, или една неуспешна операција на вкупно 100.000 извршени. Болницата има капацитет од 15.000 до 20.000 прегледи месечно. Здравствениот туризам е дел од нашиот примарен фокус, развивајќи гранка која во Македонија е се уште во зачеток.

Нашето мото е: Кај нас нема ветувања, постојат само исполнувања.

Неделна временска прогноза 27-30 ноември

Што е птоза и како се лекува