, ,


Што се можат да направат вештите раце кај Клучар Баже

Општо прифаетна е дефиницијата на Занаетот – како  занимање кое бара конкретни работни вештини.

Историски ова би било неиндустриско производство во мал број или количество. Човекот пак кој се занимава со занает се нарекува занаетчија. Занаетчиите особено се концентрирале во урбаните места и формирале еснафи. Бидејќи занаетчиите постојано работеле со размена на добра (покрај нивната изработка), и тоа барало извесно ниво на образованост, во општествената хиерархија тие имале повисоко место од селанството.

Занаетчиството бил главен облик на производство пред индустриската револуција. Исклучок од ова е помасовната организираната поделба на трудот наречена мануфактурно производство, која може да се претстави како преод од поединечниот занаетчија кон индустрискиот период.

Денес повторно се враќаме на занаетот, овојпат во малку поширока форма , ако само малку играм со  буквите тогаш би извел од турскиот занает , знает, знаење, умеење на  некоја специфична вештина.

За мене тоа се денешните стартапи,  денешните иноватори, веб девелопери, програмери и сите кои имаат специфични знаења  и слободно би ги нарекол Занает 2.0 мајстори на својата професија.

Но каква е реалноста во која живееме,  старите велат од занаетот му е – се разбира во работата, но нашата држава како за инает ништо не прави за потик на занаетот т.е  на тие што се разбираат во работата, ниту за тој вистинскиот, ниту за денешните условно кажано занаетчии 2.0 генерација.  Ништо не се прави за мајсторите . Супер!

Неделава имав можност да го запознаам еден од најдобрите ако не и најдобриот  мајстор на својот занает, Мајстор Горан од Мајстор Клучар Гравер Баже.

Накратко приказната е дека 25 години го пече својот занает и не престанува да учи, вели мајсторот е вистински мајстор затоа што постојано учи .

Додека неговата сопруга Данче –можеби единствена жена Мајстор ми правеше дупликат на клучот од мојот дом кој беше поприлично оштетен но и комплициран , искористив можност да поразговарам со Мајстор Горан.

Велат еднаш мајстор секогаш мајстор, говорам за вистинските.

Во скромниот дуќан кај Клучар Гравер Баже Ве пречекува насмевка , многу живот и еснафски моабет за добредојде.

Кога ќе се загледате по ѕидовите висат безброј дипломи и признанија од еснафот и милион клучеви и мал милион алатки, доволен е еден инстаграм филтер и да на момент се почувствувате како во филмска сцена од Кодот на Да Винчи.

Љубопитноста ме копка и прашањата се редат едно по едно.

Мајстор Горан , како врви работата во споредба со порано, дали сме побезбедни со новите технологии, кои се препораките за граѓаните, која е препораката за домот, за автомбилот за велосипедот или моторциклот?

Мајстор Горан скромен во одговорите и нескромен во своето практично знаење поткрепено со тон документација и стандарди, најчесто од германски институти за стандардизација, трпеливо ми одговара.

За мене е бесмислено да вложите во својот дом минимум 50 илјади евра и притоа имате влезна врата со апсолутно никаков квалитет  и брава со уште посомнителен.

Мајстор Горан дали некој Ве контактирал при изведба на новите згради или барем да побарал совет ?

Додека Мајстор Горан изработуваше клуч за еден муштерија кој во меѓувреме влезе на својот телефон пребарував за тешките кражби и што да видам :

Близу две илјади куќи и станови биле цел на крадци во првите пет месеци од 2016 или статистички кажано дневно се случувале 12 вакви кражби низ целата територија на државата.

Станува збор за анализа на Министерството за внатрешни работи, според чии информации во истиот период откриени се вкупно и 821 сторител. Официјално вкупната материјална штета од овие кражби изнесува повеќе од 62 милиони денари, или нешто повеќе од милион евра. Најмногу кражби биле пријавени во Скопје, додека, пак, крадците најмалку оперирале во Велес.

Како што соопштуваат од МВР, 2015 година била забележана вкупно 4.931 кражба на територијата на целата држава, а регистрирани биле вкупно 2.142 сторители.

Мајстор Горан – да многумина ме контактирале но никој не ме послушал ниту имлементирал некој стандард.

Наједноставно, колку би била разликата од кинеските врати и брави кои најчесто се користат и една сигурна врата и брава со сигурен квалитет?

Мајстор Горан – разликата на мало не би била повеќе од 350 евра , а на големо разликата на комплет врата и брава не би била повеќе од 250 евра по стан.

Имате кого да препорачате? Има ли сигурни брави и врати во Македонија?

Мајстор Горан – да има, и тоа врати кои ги препорачуваме изработени по највисоки светски стандарди и брави кои ги имаме во нашиот дуќан.

Дополнителен проблем е што кинеските врати најчесто се финиширани со многу непроверени бои кои знааат да бидат штетни по здравјето, но тоа е друга тема вели Мајстор Горан.

Која е препораката за новите електронски брави?

Мајстор Горан – моја е преопрака е сигурна врата со класична брава и дополнително електронска брава.

Што е со новите автомобили? Дали има кражби?

Мајстор Горан (се насмевна) – секако,  не ги знам точните статистики но сите автомобили по 2002 година се особено мета на крадците, најчесто преку софтвери  кој знае да чинат до стотици илјади евра и истите  можат ненасилно да го отворат автомобилот за 1-5 минути.

Со напредокот на технологијата напредуваат и крадците , а мораме и ние постојано да учиме како би можеле да им помогнеме на граѓаните кога ќе имаат потреба од нашите услуги.

Дуќанот кај Мајстор Клучар Гравер Баже се наполни муштерии, ми остануваат уште милион прашања а Мајстор Горан и Мајстор Данче се презафатени, мене пак ме гази времето, го земав клучот, платив се поздравив и заминав.

На излегување една мисла ми пролета , се што е стручно пополека бега од државата, Мајстор Клучар Гравер Баже и Мајстор Горан каде да отиде, во било која земја да се пресели ќе има работа и многу многу поголеми приходи, важи за сите занаети и стари и нови .

Колку ли само ни фалат правила на еснафот и на државата , правила на игра, дали може нешто да се направи и можно ли е како поединец нешто да променам.

Многу пат ми претстои , до следно читање.

10 работи кои секоја современа жена НЕ треба да ги има во својот дом

Што се можат да направат вештите раце кај Клучар Баже