,

Силк Роуд Банка ја предаде втората донација на Клиниката за детски болести

Силк Роуд Банка АД Скопје ја предаде втората донација на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје што произлезе од потпишаниот меморандум за соработка минатата година, со кој банката прерасна во долгорочен партнер на Клиниката.

Втората донација се состои од набавка на инхалатори за потребите на клиниката и дечињата кои престојуваат во неа. Средствата за набавка на донацијата во износ од 105 илјади денари, се обезбедени на тој начин што за секоја трансакција со Американ Експрес картичките на Силк Роуд Банка, банката одвојува по пет денари за потребите на Клинката.

„Ни претставува особено задоволство што ја предадовме и  втората донација во рамки на нашето долгорочно парнерство со Клиниката за детски болести. По доставувањето на првата донација која се состоеше од креветски чаршафи, перници и навлаки за перници реакциите во јавноста беа позитивни од причини што Силк Роуд Банка е единствената банка во државата која има склучено меморандум за партнерство со клиниката. Задоволство ни е што ја предаваме и втората донација во вид на инхалатори за потребите на дечињата кои се лечат во клиниката. Средствата од донацијата беа собрани на начин што со секоја трансакција со Американ Експрес картичките на нашите клиенти банката издвојуваше по 5 денари за набавката на инахалторите.“, изјави Александар Кировски, член на Управниот одбор на Силк Роуд банка.

Реaлизацијата на втората донација од  Силк Роуд банка ја поздрави и директорот  на Универзитетската клиника за детски болести д-р Катерина Ставриќ:

„По првата донација од Силк Роуд банка, пристигна и втората донација овој пат инхалатори, кои што ни се неопходни за дечињата кои претстојуваат во клиниката. Сакам да ја истакнам одличната соработка меѓу Клиниката и Силк Роуд банка од која придобивки имаат и двете страни и секако продолжуваме и во иднина со заедничката соработка” вели директорката.

Силк Роуд Банка е единствена банка во Македонија со 100% швајцарски капитал и е ексклузивен издавач на Американ Експрес картичките во земјава.

Шопинг изненадување со American Express на Силк Роуд Банка

Силк Роуд Банка ја предаде втората донација на Клиниката за детски болести