,

Совети од MyMarketing 2дел

Со оглед дека технологијата се развива и напредува секојдневно, маркетинг идеите често ја менуват својата стратегија, се со цел да бидат директно поврзани. Без разлика на разноликоста во дефинирањето на маркетингот како поим, или објаснување на неговиот процес на функционирање, постојат неколку суштински елементи кои ги обожаваме.

Во новата ера, не е доволно само производите да бидат добри. Она што е основа и баланс на секојдневното движење и менување на информациите во светот, се следните факти кои го движат тимот на Мy Marketing.

Што е она што го движи тимот на My Мarketing……
1.Кога поседувате збор -всушност поседувате чувство…
Едноставно разбирлива фраза со објаснување на комплицирана маркетинг идеја, потсетете се на најпознатите слогани и фрази од познати брендови…Маркетинг интелегенција која потсвесно Ве препраќа кон самиот продукт.
2.Осознајте ја својата конуренција и разберете ја сериозно…
Единствен начин за Ваше усовршување е потребата да бидете секогаш подобри, тоа е единствениот пат да станете најдобри.
3.Доколку сте први во вашата категорија, креирајте нова..
Маркетингот не е само збир од креативност и техничка изведба, потребни се анализи, проучувања и воочување на општествените, бизнис, економски и социјални компоненти.
4.Поврзете се со Вашите потрошувачи…
Создајте нераскинлива врска помеѓу Вашиот продукт и потрошувачите. Колку само од нас секогаш посегнуваат кон продукти кои ни будат чувство на носталгија, љубов или среќа… 5.Разумно користење на социјалните мрежи и IT технологијата…

Наместо да ја користите модерната IT технологија , социјалните мрежи за автоматизирање на маркетинг процесите, секогаш е подобра опција да ги користите пред се за подобрување на човечката интеракција во маркетингот.

Така сте успешни секогаш, без разлика на сите влијанија.

Тимот на My Мarketing

https://www.facebook.com/MyMarketing.mk/
http://mymarketing.com.mk/
http://mydigitalworld.mk/mk/

Совети од MyMarketing

Совети од MyMarketing 2дел