,

Совети од MyMarketing 4дел

Зошто психологијата ја има една од основните улоги во креирањето на маркетинг концепти, особено доколку станува збор за изготвување на лого. Самата етимологија потекнува од грчкиот збор “логос” што значи “збор’’. Директно поврзување со публиката, директно насочување и визуелно приложување на некаков поим.

Дали сте знаеле дека доколку употребувате геометриски фигури (кои моментално се еден од најмодерните трендови), како триаголници и квадрати со отсечни рабови, преставуваат стабилност и рамнотежата.

Колку повеќе линиите се потенцирани алудираат на професионализам, сила и компетентност. Позитивноста и поопуштениот пристап можете да го прикажете преку поставување на елипси, кругови, овални објекти.

Заоблените натписи нè потсетуваат на младоста, додека погрубите и отсечни се сметаат за динамични. Внимателно и со боите, тие мора да ги следат формите и тотално да соодветствуваат со формата до нив, или доколку се комбинираат карактеристиките на компанијата мора да се внимава на естетскиот дел , за да се добие успешен резултат.

Едноставноста и минималистичкиот пристап е истотака се повеќе користен, бидејќи се смета дека предизвикува ефект кај потрошувачите кои најлесно го разбираат, премногу детали го одвлекуваат вниманието и создаваат одбивност.

Доколку го забележите и нашето лого, веднаш Ви е јасно дека имаме опуштен и пријатен позитивен пристап, самата креативна енергија не поврзува кон ова, но натписот привлекува нешто сосема поинакво, отсечни букви на професионализам, динамичност и амбиција. Комбинација на бои кои ја смируваат острината и компактно се согласуваат.

Бидете едноставни и оригинални, така ќе имате супер лого кое ќе стане дел од Вас, не само од Вашата компанија.

Тимот на My Мarketing

https://www.facebook.com/MyMarketing.mk/
http://mymarketing.com.mk/
http://mydigitalworld.mk/mk/

Совети од MyMarketing 3дел

Совети од MyMarketing 4дел