,

Маркетинг кој стекнува искуства

Совети од MyMarketing 5дел

За да го разберете овој вид на маркетинг кој можете да го сретнете под имињата “еngagement marketing”, “experiential marketing”, “event marketing”, “on-ground marketing”, “live marketing” и други, доволно е само да се присетите на последниот настан на кој сте биле, дали сте се ангажирале на некој начин и Вие во тоа, сте проследиле музички бенд, можеби во склоп со ова разгледавте уметничка изложба или имавте можност да си купите мали подароци и сл.

Ова е вид на маркетинг стратегија која Ви создава искуство, практично и опипливо ве сместува во својот концепт на промоција. Интегриран начин на промоција, обиколени сте со бојата на логото од брендот кој се промовира, го препознавате фонтот од логото на брендот кој се промовира.

Сето ова е на многу симпатичен начин сместено во целиот настан, Вие добивате интересно искуство и забавно поминато време, воедно брендот добива ефективна промоција која подоцна се шири и на социјалните медиуми, познато нели? Повеќето би направиле фотографија или видео од настанот на кој присуствувале, подоцна го споделуваат и приказната нема крај, особено ако се додаде и хаштаг од брендот или настанот, ова ќе ги натера луѓето сами да зборуваат и да споделуваат искуства. Доста забавен начин на маркетинг концепт кој речиси секогаш поминува успешно.

Имавме задоволство и обврска да создадеме ваков тип на маркетинг концепт и верувајте не постоеше личност на настанот која не беше анимирана а брендот симпатично го доби својот маркетинг позитивен резултат.

Тимот на My Мarketing

https://www.facebook.com/MyMarketing.mk/
http://mymarketing.com.mk/
http://mydigitalworld.mk/mk/

Зошто физичка активност кај децата и младината и каков вид на физичка активност да се одбере ?

Маркетинг кој стекнува искуства