,

Современ Директен Маркетинг

Совети од MyMarketing 7 дел

Маркетингот не може да се развива доколку не ги следи сите нови потреби на општеството, навики на живеење, желби и начини на функционирање на потрошувачите. Освен овие општествени критериуми, секогаш мора да бидете во тек со најновите IT технологии, социјални медиуми, апликации и уште многу други технички помагала кои треба да служат како подлога на кои би ги имплементирале вашите промотивни концепти и акции.

Знаејќи го ова сакавме да создадеме нешто кое веднаш го привлекува вниманието, атрактивно, современо, впечатливо и да биде вид на промоција која го буди интересот со наметлив но ненападен став на компанијата. Верувајте ни и ова е многу битен елемент во современите директни промовирања.
My Marketing додаде нов “член” во тимот – Promosmart.

Се работи за промотивен мобилен штанд кој може да пријде кон секој потрошувач, ги следи софистицираните критериуми на промовирањето, ги изненадува потрошувачите, им приоѓа и пристапува на начин каде секој може да го разгледа она што се нуди, интимно, онака како што тој сака. Promosmart е првиот патентиран мобилен промотивен штанд не само во Македонија, туку и во Европа… Интересен податок и можност да дознаете за сите негови технички спецификации и бесконечни современи можности.

За повеќе информации за “Promosmart” следете го линкот.

Тимот на My Мarketing

https://www.facebook.com/MyMarketing.mk/
http://mymarketing.com.mk/
http://mydigitalworld.mk/mk/

Уличен Маркетинг – Директен начин на промоција

Современ Директен Маркетинг