, , ,

Свежина во архитектурата и дизајнот

Архитектката Сара Симоска, ги завршила своите магистарски студии по архитектура со пофалба на универзитетот Политехнико ди Милано во 2016та година. По завршувањето се вратила во Скопје. Во 2017та година победи на конкурсот Temporary Living Space организиран од познатиот италијански бренд Molteni&C|Dada и за време на Bologna Design Week во 2017та нејзиниот дизајн за овој бренд беше поставен во центарот на Болоња во палатата Изолани.

Исто така, во 2018та година победи на интернационалниот конкурс за станбени згради Дом Русија организиран од Стрелка КБ и Руското министерство во конкуренција со 400 архитекти од целиот свет. Тоа беше причина да го отвори своето архитектонско студио во Скопје.

Победник за станбени згради за конкурс организиран од Стрелка КБ и Министерство на Русија
Победник за станбени згради за конкурс организиран од Стрелка КБ и Министерство на Русија
Проект за италијански бренд Molteni&C|Dada, Bologna Design Week 2017
Проект за италијански бренд Molteni&C|Dada, Bologna Design Week 2017

Од тогаш со нејзиниот тим на колеги работеа на повеќе интернационални проекти, меѓу кои и куќички за сиромашни во Камбоџа, целосно направени од дрво и со минимални димензии.

Проект за куќички за сиромашни во Камбоџа, организиран од Обединетите Нации
Проект за куќички за сиромашни во Камбоџа, организиран од Обединетите Нации

Во Скопје неодамна ја изведе својата иновативна, модуларна и необична интервенција во слаткарницата Палма. За потребите на клиентот кој имал за цел да внесе нова енергија во култната слаткарница, при тоа без големи рушења и преправки. Дрвената интервенција е прикачена на постоечката челична конструкција од веќе постоечката стреја. Таа има за цел да ја скрие постоечката конструкција и да донесе нов потопал амбиент во просторот на бесконечна модуларна комбинација од коцки.

Дрвена интервенција во кров во слаткарница Палма, Скопје
Дрвена интервенција во кров во слаткарница Палма, Скопје

Таа е дизајнер на проектот Урбан Модулар кој беше поставен во Тетово и Прилеп во 2017та година. Во овој проект се користат дрвени модуларни елементи кои со повторување креираат најразлични комбинации за седење. Овој дизајн може да се постави во двор, парк и јавен простор. Овој дизајн беше награден на повеќе интернационални фестивали за дизајн во Љубљана, Србија, Шпанија и Германија.

Урбан Модулар, интервенции во јавен простор изведени во Тетово и Прилеп.
Урбан Модулар, интервенции во јавен простор изведени во Тетово и Прилеп.

Сара Симоска Архитектура во својот дизајн и проектирање користи секогаш минимален пристап со оптимална функционалност. Изгледот на дизајните е современ и невообичаен. За тоа е доказ и дј пултот во соработка со познатиот бренд Red Bull.

3д претстава                                                                                 изведен

Радикалната причина зошто 8 март е меѓународен ден на жената

Свежина во архитектурата и дизајнот