, ,

Топ 10 совети за патување со вашата фамилија

#spremnizapat #спремнизапат

W3.CSS
HalkBank

Врисок на децата, гужва во собраќајот, работи на пат, ладно… Иако распустот е период за одмор, проблемите и тука може да се појават, па, затоа значајно е добро да се подготвите за на пат, особено ако патувата на подалечни места…

Ова е  листата од 10 совети без кои не смеете да тргнете на зимување со вашиот автомобил, доколку сакате одморот да ви биде незаборавен.
Проверите дали сте правилно врзани. Сигурносниот појас е најважниот дел од сигурносната опрема. Колковите, а не струкот мора да ви бидат во зацврстена позиција.
Помалите деца мора да седат во детско седиште и секако, и тие да се прописно врзани. Сигурносни појаси мора да носат сите во автомобилот, не само патниците напред.
Проверете ја висината на наслонот за глава. Тоа е значајно и заради умор, но и заради безбедност.
Не ставајте предмети позади наслоните за глава на задните седишта, бидејќи така ја ограничувата видливоста позади.
Направете домашна задача. Запознајте го својот автомобил и неговите сигурносни карактеристики. Проверете ги најосновните пред да тргнете: притисок во пневматиците, масло, вода.
Доколку патувате во странство, запознајте ги правилата на сообраќај во таа земја. Особено внимавајте на знаците за ограничување на брзината и на законите во земјите низ кои поминувате. Секогаш со себе имајте ја возачката дозвола
Немојте да пиете додека возите. Во различни европски земји, различна е толеранцијата за алкохол во крвта.
Ако користите мобилен телефон, тоа нека биде само со hands-free.
Ако патувате ноќе, добро е да има уште еден патник во автомобилот кој е буден и со кој ќе разговарате, особено ако патувате по прав и монотонен пат, кога веројатноста да задремете е поголема.
Никако не тргнувајте на пат ако се уморни или ненаспани. Тргнете на време и во текот на патувањето застанете неколку пати.
Отприлика, барем на секои 2 часа направете пауза од по 15-20 минути. Брзината на движење прилагодете ја на патот, и држете растојание со возилата напред.

 

5 совети како да ги избегнете најчестите сообраќајни несреќи

Топ 10 совети за патување со вашата фамилија