,


Ве покануваме на една сосема различна изложба

Изложба на фотографии „Естетика на грдото“

Дали сакате да ја искусите бодлеровата синестезија на шармантното и одвратното, овој пат во фотографски формат? Дојдете и видете една поинаква изложба и еден поинаков пристап на проблемите со животната средина.

Тимот ViridiQ Ве поканува на изложбата „Естетика на грдото“, наменета за прикажување на најдобрите 30 и одбирање на најдобрите 3 фотографии пријавени на истоимениот фото-конкурс каде што беа испратени повеќе од 100 фотографии. Двете категории за кои младите аплицираа беа:
– „Загадувањето во твојата локална средина“
– „Електронски отпад“.
Примарната селекција се направи со гласање на фотографиите на фејсбук страницата на ViridiQ, по што беа избрани 30те фотографии со најмногу гласови.

8 совети како вашата клима да работи подобро

Ве покануваме на една сосема различна изложба