, ,

Vintage, Лондонското катче на Кичево

Ако социјалните мрежи го претставуваат нашиот виртуелен живот, одземајќи ни голем дел од времето, тогаш, локалите се тие кои го отсликуваат нашиот реален општествен живот

Ако социјалните мрежи го претставуваат нашиот виртуелен живот, одземајќи ни голем дел од времето, тогаш, локалите се тие кои го отсликуваат нашиот реален општествен живот.

Но, и од овој аспект, не може да се каже дека работите се придвижиле. Како што се чини, постои тенденција за банализирање на нештата, во обид да се предизвика хаос и на тие малку места каде луѓето можат директно да комуницираат меѓу себе.

Меѓутоа, секогаш постои светло на крајот од тунелот. Овде ќе споменеме еден позитивен пример, кој на многумина од нас може да им биде инспирација. Во Кичево, има еден локал чие име е Винтиџ Кафе. Карактеристично и не толку познато име за жителите од другите градови. Овој локал успеа да го синхронизира семантичкото значење на името со природата на самиот локал. Ако Винтиџ е синоним за квалитетот и оригиналноста на нештата, тогаш слободно можеме да кажеме дека локалот за кој говориме, достојно го носи своето име. Винтиџ го прекршува правилото за правење разлика меѓу албански локали и македонски, бидејќи овде доаѓаат граѓани од сите заедници, Македонци, Албанци, Турци, Роми итн..

Марија Лозаноска е автор на книги. Таа го избра токму овој локал за промоција на нејзиниот втор роман како и за реализирање на еден сет фотографии. Таа вели дека овој локал бил најсоодветен бидејќи амбиентот целосно соодветствува со содржината на нејзината книга.

Соработката со кафулето Vintage започна по повод мојата фотосесија за мојот втор роман „ Другата “ бидејќи неговиот ентериер одлично се вклопи со настаните во книгата.

Дејствието во романот се случува во Лондон, а локалот изобилува со детали инспирирани токму од тој град така што чувството додека си присутен е исто како да си таму. Го одбрав токму него затоа што најпрво ја забележав вратата која е импровизирана лондонска телефонска говорница, но и затоа што и внатрешноста е како да се наоѓаш во некој европски град со примеси на Лондон. Морам да напоменам дека и услугата на колективот е на високо ниво и многу срдечно го прифатија овој мој проект. Соработката со нив продолжи и понатаму, снимавме и емисии во ова кафуле, но и продолживме да го пиеме кафето и тогаш кога сакаме да одмориме уживајќи во секогаш необичниот ентериер.

Дардан Бајрами е менаџер на една компанија за трансфер на пари. Тој живее во Скопје, но секој пат кога ќе дојде во Кичево, најголемиот дел од времето го поминува токму во овој локал. За себе можам да кажам дека сум еден од оние луѓе кои посетиле неколку европски земји, и според начинот на размислување, припаѓам во групата на космополити. Во текот на студиите во Виена, за тие шест години, научив дека животот е поубав кога е зачинет со повеќе вкусови. Овој локал е за луѓе од сите возрасти, да се чувствуваат удобно кога ќе дојдат тука со некој нивен близок пријател или роднина.

Во меѓувреме, Арѓент Алиу, административен работник во Општина Кичево, во слободно време сака да дискутира за политичките збиднувања. Пријателите секогаш ми велат дека невозможно е да ги избегнеме политичките дебати за време на нашите разговори кога ќе се видиме на кафе, почнувајќи од обичните па се до актуелните политички случувања. Затоа, имам потреба да седнам на некое помирно место, каде во фокусот ќе биде комуникацијата со пријателите, а не гласната музика.

Генц Мехмеди овде е келнер и ги раскажува своите впечатоци за работниот амбиент Односот од страна на шефовите е сосема нешто друго. Се чувствувам ценет во работата што ја работам, а тоа е многу важно за мотивацијата на еден работник. Тоа што сакам да го истакнам е дека, во текот на викендите, овде  служиме облечени во одреден стил, како на пример, денес, облечени сме во ретро стил, сличен како стилот на Чарли Чаплин.

Од друга страна, еден од сопствениците на Vintage Café, направи паралела за  гостинот на денешницата  и исполнувањето на неговите барања од страна на локалот. Vintage Café беше отворен како одговор на барањата на гостите. Знаете дека денес, гостите се многу поотворени од аспект на глобализацијата. Веќе нема само гости од околината или градот. Станува збор за гости кои го прошетале светот, и кога ќе дојдат во Кичево, можат да направат споредба со локалите од најпосетените метрополи. Од таа причина, се обидовме да создадеме амбиент соодветен за нив, кој ќе понуди нешто несекојдневно. Нешто што не можете да не го забележите е овој автомобил поставен среде локалот. Станува збор за модел Опел Олимпија, произведен во 1951 година. Истиот овој автомобил е употребен во сцени од филмот Ослободување на Скопје на режисерот Данило Шербеџија и Раде Шербеџија, филм кој говори за една драма во текот на Втората Светска Војна и ослободувањето на Скопје од Германците.

Сега  веќе,  не само кичевчани, туку сите оние кои сакаат да го посетат градот со богата историја, имаат можност да пронајдат мирна атмосфера во локалот Vintage кој се одликува со висок престиж.

5 топ совети за подготовка на дворот за летни забави

Vintage, Лондонското катче на Кичево