,

Временска прогноза и квалитет на воздух – вторник, 14 ноември

#spremnizapat #спремнизапат #weather4all #vremenskaprognoza #временскапрогноза #квалитетнавоздух

И ова утро во одделни котлини имаме појава на утринска магла. Во најголем дел од Македонија преовладува умерено облачно време, а локално во западните предели има и слаби и локални врнежи од дожд.

Утринските температури по градови се следниве: Скопје 11, Тетово 9, Крушево 4, Охрид 8, Битола 6 и Прилеп 7 степени. Велес и Кочани 11, Штип 13, Гевгелија 14, Струмица 12 и Берово 8 степени.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови ќе биде умерено облачно, ветровито и топло време за овој период од годината.

Попладне и навечер дестабилизација на времето што ќе услови врнежи од дожд. Врнежите од дожд ќе изостанат во централните, источните и североисточните предели каде што во текот на целиот ден ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и топло време. Ќе дува доумерен јужен и југоисточен ветер. Минималните температури од 3 до 14 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 8 односно до 19 степени.

 

КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ – Ова утро речиси насекаде имаме ниско ниво на концентрација на штетни елементи во воздухот, со исклучок на Тетово и Скопје (на мерните места во Карпош, Чаир) каде што имаме минимално зголемување над дозволениот праг. Во изминатите 24 часа повторно Скопје, Тетово и Кавадарци беа најзагадени градови со највисоки концентрации на ПМ 10 честичките кои се движеа од 130 до 190 микрограми на метар кубен.

а Вашиот автомобил 🏁

АМСМ услуги – состојба на патишта и гранични премини Вторник, 14 НОЕМВРИ 2017

Временска прогноза и квалитет на воздух – вторник, 14 ноември