, , , ,

Знаете ли како работи вашиот клима уред?

Кратко објаснување за секого

Луѓето често ми поставуваат прашања за нивниот AC (air conditioner), како, што е Фреон или како работи клима уредот? Често почнувам со приказната  за тоа како магично ги нема сликите и апликациите од стариот iPhone кога ќе се префрлиш на нов, или каде оди целата музика, или пораките? Често за работите кои ги користиме секојдневно немаме баш јасна слика како вистински функционираат. Тоа често пати фрустира. Иако би било интересно да ви објаснувам како сликите и апликациите се префрлаат од стариот на новиот iPhone ќе го оставам тоа на некој друг од сферата да објасни. За среќа пак, можам да ви објаснам како функционира вашиот AC.

Како функционира мојата клима? На кратко.

Епа како функционира централното разладување? Централните HVAC единици (што е па сега HVAC?), а всушност и сите модерни AC единици работат со слични оперативни принципи и компоненти како и вашиот ладилник. Ладилниците користат енергија за да ја пренесат топлината од својата внатрешност кон надвор, практично во вашата кујна, а при тоа одржуваќи ја содржината на ладилникот, студена.

Истото, вашата AC единица ја отстранува топлината од вашиот дом и ја префрла надвор. Да, ама како го прави ова? Го прави со помош на две спирални цевки: едната испарувачка (evaporator) другата кондензирачка (condenser). Испарувачите се наоѓаат во вашиот дом и го користат брзо испарувачкиот Фреон за да ја апсорбираат топлината од околниот воздух. Овој сега свеж и изладен водух се циркулира низ вашиот дом и нели, го лади.

Сега пак оној релативно загреан Фреон е на пат надвор од вашиот дом кон кондензаторот, каде со помош на компресорот (ова знаете што е) се кондензира и со тоа ја ослободува својата зачувана топлина надвор од вашиот дом, а со тоа почнува и новиот циклус, пак и пак. Токму ова својство на ладилните флуиди овозможува да работи вашиот AC.

Долгиот одговор за тоа како функционира AC?

Ако имате намера да се правите мангупи и бубалици – тогаш следниот параграф е за вас, ако не нормално, скокнете го. До некаде 90тите, скоро сите клима уреди работеа користејќи хлоро-флуоро-јаглерод, chlorofluorocarbons (од таму и ви е позната кратенката CFC) како примарен ладилен флуид, токму овој CFC, сега и знаеме дека предизвикува оштетување на озонската обвивка. Производството на CFC е запрено во САД во 1995. Денес, скоро сите AC уреди користат халогенизирани halogenated chlorofluorocarbons (HCFCs), но и овој вид на ладилен флуид постепено се вади од употреба примарно заради ефикасноста и заради заштита на животната средина.

Увозот и производството на денешниот разладувач за домашните клима уреди (познат како Refrigerant HCFC-22, или “R-22”) почна да се исклучува од употреба во 2010, а се очекува комплетно да престане до 2020. Алтернативата е R-410A (Пурон) кој се смета за делку побезбеден за озонската обвивка и е се почест во индустријата. Зошто па се запнав да објаснувам за разладувачи а не за тоа како работи AC? Просто, промената на разладувачи споредете ја со скокот од мотор на пареа кон мотор на бензин – различно но сепак крајната цел е иста, да се придвижи нешто. Иако парните мотори не станале застарени со појавата на првиот мотор со внатрешно согорување ама очигледните придобивки го направиле своето.

За среќа сите AC единици на кои ние им веруваме користат R-410A многу одамна па и помагаме на озонската обвивка и на животната средина.

Следниот пат, ќе зборуваме за сонцето и топлата вода. Можеби една компанија баш и ја има измислено топлата вода.

Погледнете го видеото како изгледа целиот процес: