, ,

Зошто изборот треба да е токму сончев систем?

W3.CSS
HalkBank

Соларните колектори се уреди кои ги трансформираат сончевите зраци во топлина, и се користат за санитарна топла вода. Овие уреди првенствено се користат за активно соларно затоплување и овозможуваат загревање на водата за лична употреба, истите се монтираат на покривот и мора да бидат многу цврсто фиксирани бидејќи се изложени на различни временски услови.

Употребата на соларните колектори овозможува алтернатива за греење на водата користејќи бојлер, со што потенцијално може да се намалат трошоците за енергија со текот на времето.

Постојат повеќе видови на соларни колектори, но сите се изградени со слична основна намена. Во принцип, тие се изградени од определен материјал кој се користи за апсорбирање на енергијата од Сонцето и користење на истата за загревање на водата. Како опрема, соларните колектори може да бидат во ранг на мали инсталации за добивање на соларна топлина до големи и комплексни единици кои можат да произведуваат електрична енергија за фабрики. Соларните колектори спаѓаат во две основни категории: концентрирачки и неконцентрирачки колектори.

Наједноставните колектори користат материјал што ги опкружува цевките низ кои тече водата при што истиот многу ефикасно ги апсорбира сончевите зраци и ја загрева водата што ја опкружува. Ова е многу едноставен дизајн, но колекторите можат да бидат многу сложени. Абсорбирачките плочи можат да се користат ако не е потребно зголемување на високи температури, но генерално уредите кои користат рефлектирачки материјали за да ја фокусираат сончевата светлина, резултираат со поголемо зголемување на температурата.

Важно е да се напомене дека сончевите колектори не ја менуваат количината на сончева светлина која се простира на површината на Земјата. Без оглед на тоа дали сончевиот колектор е сместен во одредена област или не, сончевата енергија на Земјата е најмногу 1376 вати по квадратен метар. Единствената разлика е што доколку постои рамен соларен колектор кој покрива еден метар, оваа енергија може да се собере за човечка употреба, наместо едноставно “да замине”. Начинот на кој некои сончеви колектори “апсорбираат повеќе енергија” е резултат на зголемена површина што ја погодува Сонцето. Соларните колектори треба да бидат навалени со агол приближно еднаков на ширината на локацијата каде се монтираат.

Постојат два главни видови на движење на флуидот низ системот: Активни (кои користат пумпи за движење на флуидот низ системот) и Пасивни (кои користат конвекција за движење на флуидот низ системот без потреба од пумба. Ова е наречен термосифонски ефект и бара панелот на колекторот да биде навален и складиштето да биде поставено над нив).

 

Предностите од користење на сончев систем:

 Користењето на сончевата енергија е бесплатно и во изобилие (дури и во лоши временски услови).

  • Соларните панели зафаќаат помалку простор.
  • Онаму каде покривите во домовите се компромитирани или во сенка, најсоодветни се инсталациите на соларните панели.
  • Нивната ефикасност. Степенот на искористеност при трансформацијата на сончевата енергија е до 80%.
  • Тие се поевтини за инсталирање затоа што се потребни само 2-3 панели.

 

ИСКОРИСТЕТЕ ГИ БЕНИФИЦИИТЕ ОД СОНЧЕВИТЕ ЗРАЦИ СО ПОПУСТ НА СИТЕ СОЛАРНИ СЕТОВИ ВО ЈОКИ, СО СУБВЕНЦИИТЕ ОД ВЛАДАТА НА Р.МАКЕДОНИЈА И ЕКО КРЕДИТОТ ОД ХАЛК БАНКА.

Кои се предностите на соларното греење

Зошто изборот треба да е токму сончев систем?