Тесла Моторс и Илон Маск ќе ги градат првите суперполначи во Македонија
Илон Маск ќе ги гради првите суперполначи во Македонија
169 Прегледи
Највредната американска автомобилска компанија TESLA MOTORS на визионерот Илон Маск, ги најави плановите за изградба на првите суперполначи.TESLA MOTORS планира да изгради суперполначи за полнење на електрични возила во шест земји од југоисточна Европа до крајот на годината, меѓу кои е и Македонија.Како што јавуваат светските медиуми, компанијата има намера да изгради по три станици за полнење во Романија и во Србија и по една во Бугарија, БиХ, Македонија и во Молдавија. TESLA MOTORS планира да додаде и четири нови станици на постојните две во Хрватска.