,

НУЛА ОТПАД – За првоаприлски насмевки изработи еко маска од електронски отпад на Е – Капитолијада!

Во насока на јакнење на јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето, НУЛА ОТПАД во соработка со Капитол мол и Општина Аеродром поттикнуваат иницијатива за изработка на маски од електронски отпад кои ќе бидат презентирaни во форма на дигитална кампања на социјалните мрежи на Капитол Mол под името Е-КАПИТОЛИЈАДА.

Е – Капитолијада се случува по повод денот на шегата 1ви Април и претставува уникатен предизвик во кој учесниците на креативен начин го реформулираат значењето и функцијата на отпадот.

Е-Капитолијада 2024

Во Изборот на најдобра еко маска право на учество имаат сите деца од Општина Аеродром, вклучувајќи ги сите градинки и училишта (основно образование,1-9 одделение).

Учесниците во Изборот на најдобра еко маска  ќе имаат за задача да изработат индивидуална или групна креативна маска во која ќе имаат вклучено најмалку 3 стари и неисправни електронски или електрични уреди и стари и потрошени батерии.

Фотографија од направената еко маска треба да се испрати во директна порака на фејсбук профилот на Капитол Мол, заедно со уредно пополнета и потпишана пријава од родител/старател најдоцна до 29.03.2024год. до 12 часот.

Од Нула Отпад и соработниците на проектот обезбедени се три главни индивидуални награди и две групни награди -категорија градинка и категорија училиште.

Амбасадата на Рeпублика Словенија во Скопје го препозна овој проект како вистинска заложба за остварување на еколошки цели на креативен начин меѓу најмладите и оваа година даде поддршка и ја обезбедува главната награда од стручно жири – велосипед.

Награден фонд:

  • 1 место индивидуална маска од стручно жири – велосипед
  • 2 место индивидуална маска од стручно жири – таблет
  • Најлајкувана индивидуална маска на fb фан страната на Капитол Мол – звучник количка, ( важечки се гласовите од објавата на фотографијата до 29.03.2024год. до 12 часот)
  • Групна маска категорија градинка – пакет материјали за работа
  • Групна маска категорија училиште – печатач

Дополнителни награди за импресивни маски ќе бидат доделени и од соработниците на Е-Капитолијада.

Е-Капитолијада 2024

Добитниците на наградите официјално ќе бидат објавени на 01.04.2024год на социјалните мрежи на организаторите.

Еко парадата како дефиле со сите маски е предвидена  на 1-ви Април понеделник на бината во Капитол Мол каде официјално ќе бидат доделени наградите за најкреативните маски.

Кампањата е дел од низа на цели кои треба да се исполнат во општеството и заедницата и со тоа да се постават темелите на раст и развој и чиста и здрава животна средина за сите.

Линк со правилник и пријава за учество: https://www.nulaotpad.com.mk/blog-post/

transplantacija na kosa so dozivotna garancija

Трансплантација на коса со доживотна гаранција

НУЛА ОТПАД – За првоаприлски насмевки изработи еко маска од електронски отпад на Е – Капитолијада!