,

Е-капитолијада, изработуваме еко маски од електронски отпад

Да внесеме позитивна енергија во тешко време и да се грижиме за животната средина

Во насока на јакнење на јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето, НУЛА ОТПАД во соработка со Капитол мол и Општина Аеродром поттикнуваат иницијатива за изработка на маски од електричен отпад кои ќе бидат презентирaни во форма на дигитална кампања на социјалните мрежи на Капитол мол под името Е-КАПИТОЛИЈАДА.

Во Изборот на најдобра еко маска право на учество имаат сите деца од Општина Аеродром, вклучувајќи ги сите градинки и училишта (основно образование,1-9 одделение) од општината.

Учесниците во Изборот на најдобра еко маска ќе имаат за задача да изработат индивидуална креативна маска во која ќе имаат вклучено најмалку 3 стари и неисправни електронски и електрични уреди или стари и потрошени батерии.

Фотографија од направената еко маска треба да се испрати во директна порака на фејсбук профилот на Капитол Мол, заедно со уредно пополнета и потпишана пријава од родител/старател најдоцна до 01.04.2021год. до 16 часот.

НУЛА ОТПАД, за најдобрите три маски ќе обезбеди три главни награди. Од стручно жири ќе бидат доделени две награди, прва награда канон фотоапарат и втора награда паметен часовник, додека една награда ќе биде доделена за најлајкувана фотографија на социјалните мрежи на Капитол Мол ( фејсбук + инстаграм) – гејмерски сет (слушалки, тастатура и глувче).

За категоријата најлајкувана фотографија важечки ќе бидат гласовите од објавата на фотографијата до 03.04.2021 – 12 часот.

Добитниците на наградите ќе бидат објавени на 05.04 во 12часот.

Ги охрабруваме сите деца од Општина Аеродром да се вклучат во Еко Маскенбалот и заедно со своите родители да изработат креативни маски, да се забавуваат и да дадат свој допринос во подигнувањето на свеста за селекција и рециклирање на опасниот отпад – вели Билјана Костадинова, едукатор во Нула Отпад.

Кампањата е дел од низа на цели кои треба да се исполнат во општеството и заедницата и со тоа да се постават темелите на раст и развој и чиста и здрава животна средина за сите.

 

Тивка полиса за осигурување на вредни предмети и готовина

Е-капитолијада, изработуваме еко маски од електронски отпад