, ,

Што треба да знаете за РЕТИНОИДИ? Светиот грал на нега на кожата

Ретиноидите и ретанол се деривати на витамин А или ретиноична киселина. Витамин А е витамин растворлив во масти, важен за добар вид, здрава коса и кожа како и за имунолошкиот одговор т.е. тој има подмладувачки ефект, го стимулира формирањето на колаген и го забавува неговото разложување.

Поимот ретиноиди ги опфаќа сите деривати на витамин А (ретинол, ретиналдехид, естри на ретиналот). Во ретиноиди се вбројуваат и третиноин, адапален, тазаротен кои се користат во лекување на акни и до нив се стигнува само кај дерматолог или лекар естетичар.

Дејствата на ретиноидите се со широк спектар, па затоа тие се изолираат на единичен ретиноид, делувајки на зададениот проблем.

Пример: Ретинол делува на линиите и брчките, ја регулира маснотијата на кожата, ги намалува порите и штити од нивно затнување и затоа ретинолот е честа состојка во пилинзите и мезококтелите кои се наменети за ANTI-AGE ефект, како и во пилинзите за регулација на масна кожа и стеснување пори.

Третиноин и тазаротен се ретиноиди кои се соочуваат со проблемот акни, бубулици и ожиљци од акни. Па овие ретиноиди ги наогаме во пилинзите и коктелите наменети за лекување акни и ожиљци од акни.

Адапален е ретиноид кој помага во лекување папули и пустули.

Постојат и многу други ретиноиди кои се изолираат и се стават во препарати Пр. за намалување црвенило на кожата и воспалителни процеси на кожата.

Да резимираме: Ретиноидите ги мазнат брчките, и фините линии, ја подобруваат густината на кологен, ја јакнат кожата, лекуваат акни, бубулици и лузни од акни. Ги осветлуваат флеките и пегите (на клеточно ниво), замена на спори, оштетени темни клетки кои ги формираат флеките со нови и здрави клетки правејки ја кожата посветла, посвежа и измазнета.

Со еден збор ретиноидите се права звезда во естетската медицина.Се користат скоро на секоја возраст и се златен стандарт во естетската медицина.

Ретиноичната киселина е една “паметна” киселина така што кога влегува во кожата се поврзува со сите рецептори на клетките на кожата диктирајки им да се однесуваат како клетки на здрава, јадра кожа.

Ретиноидите имаат голема снага, знаат да бидат инвазивни на нежна кожа, па затоа лечењето и вметнувањето на ретиноиди во вашата секојдневна нега треба да го направи искусен лекар естетичар (за да имате бенефит од нивното користење).

Во DENTAL ESTETIK CENTAR KARA ретиноидите ги употребуваме секојдневно во различна концентрација во зависност од проблемот кој што го имам, или во послаба концентрација кога немаме проблем туку само сакаме да ја освежиме кожата, да добие сјај и јадрина.

Непишано правило: не чекајте брчките да се појават, туку спречетеги навремено со правење на третмани и вметнивање ретиноиди во вашата рутина.

Ако сакате да започнете да користете продукти за лице со ретиноиди најдобро е да се обратите кај лекар естетичар кој најдобро ке ви објасни како и кој продукти да ги користите.
Крема со ретиноиди се користи навечер поради фотосензитивност, осетливост на сонце.

Започнете со нанесување на продуктот на лицето и вратот во количина од зрно грашок.По 20 минути од нанесувањето на ретиноидот се нанесува хидратантен крем.

Освен во мезотерпевтските коктели, во полинзите и во кремите ретиноидите ги има и во серумите т.е. серуми со ретиноиди. Фирмата ОЛИВАЛ има одлични два серума со ретиноиди достапни во нашата земја.

R2 серум со естер на ретинол и ресвератрол претставува комбинација од неколку активни компоненти како: ретинол (витамин а), ресвератрол и хијалуронска киселина. Овој серум ја хидрира кожата го смирува црвенилото и неправилностите, делува антиоксидативно и долготрајно допринесува за еластичноста на кожата. Доколку сте почетник и досега не сте реплицирале ретиноиди, тогаш идеално е да започнете со овој серум. После извесен период може да вметнете и појак серум.

RA е витамински серум со ретинол со појака форма на ретиноиди. Достапен е во фирмата ОЛИВАЛ. RA има многи добро дејство против стареење на кожата и е попогоден за возрасни личности. Ако имате над 35 години доволно е примена на R2 или првиот серум од 6 месеци, за да преминете на RA појакиот витамински серум.

Е-капитолијада, изработуваме еко маски од електронски отпад

Што треба да знаете за РЕТИНОИДИ? Светиот грал на нега на кожата