, ,

Ефикасни методи за управување и лекување на парадентозата

Ефикасни методи за управување и лекување на парадентозата во Македонија

Парадентозата како најчесто орално заболување кај возрасното население во Македонија, подразбира и нејзино навремено дијагностицирање и воедно менаџирање. Препораките за редовни стоматолошки контроли се 2 пати годишно. Секако, шестмесечната рутинска контрола ги опфаќа пациентите со здраво, санирано забало и непца.

Доколку кај пациентите се забележат одредени тегоби, како што се крварење, болка, оток во предел на непцата, соголување на забните корени, потребни се почести стоматолошки прегледи и соодветни стоматолошки третмани. Чистењето на забниот камен, а по потреба и обработката на пародонталнирте џебови се прва линија на справување со болестите на непцата и пародонталните ткива. Во нашата ординација се нудат и посовремени методи на лекување на овие состојби.

Вектор-паро е модерен апарат кој нуди безболен, минимално инвазивен пародонтален третман. Апаратот поседува ултрасонична енергија која е насочена кон местото каде е таа потребна. Интервенцијата е без несакани вибрации, не ги оштетува забните ткива и е нежен кон меките ткива.

Вектор-паро ги менува ултразвучните осцилации во нежни горе-долу движења на самата сонда која движи паралелно со вашите заби. Ова е идеален тип на третман за сите пациенти кои страдаат од дентална хиперсензитивност, непријатноста при работата е минимална. Пријатниот звук на апаратот и отсуството на вибрации се одлична алтернатива кај дентофобичните пациенти. Стоматолозите го преферираат кај пациенти кои  имаат дентални мостови и коронки, импланти бидејќи не постои ризик од оштетување на изработките.

Уште една придобивка од чистењето на забите и непцата со Вектор Паро е специјалната течност Вектор Флуид која содржи хидроксил апатит и калциум фосфат кои ги појачуваат забните ткива и обезболуваат соголените зони. Вкусот на течноста е на нане кое дава чувство на пријатност и свежина.

За повеќе информации јавете се и закажете преглед во ординацијата Д-р Нина.

Подготви се за зимски патувања

Подгответе се за зимски патувања

Ефикасни методи за управување и лекување на парадентозата во Македонија

Ефикасни методи за управување и лекување на парадентозата