, , ,

Подгответе се за зимски патувања

Подготви се за зимски патувања

Во пресрет на сезоната на зимски патувања, подготвивме водич со кој брзо и лесно ќе се подготвите и сигурно ништо нема да заборавите.

  • Подгответе го возилото 

Од техничката исправност на возилото зависи вашата и безбедноста на вашето семејство на пат. Пред да тргнете на пат задолжително направете контролен сервис на возилото и бидете сигурни дека случаен дефект нема да ви го расипе патувањето. Со АМСМ членска картичка, при користење на сервисни услуги, добивате попуст од 20% на работна рака во АМСМ сервисот за автомобили во Скопје (Центар), Велес и Кичево. Дополнително, како наши членови имате можност за бесплатен превентивен технички преглед во АМСМ станиците во Скопје (Центар и Чаир), Велес и Кичево.

  • Подгответе ги потребните документи 

При патување со автомобил надвор од земјата, не заборавајте да ја проверите валидноста на меѓународните документи кои задолжително треба да ги поседувате. Сите меѓународни документи можете да ги извадите 24/7 во АМСМ во Скопје – Центар, со исклучок на Меѓународната возачка дозвола за која е потребна Потврда од Министерство за внатрешни работи за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило, која се издава во рамките на работно време на МВР во АМСМ.

  • Извадете патничко осигурување

Преку Мобилити Брокер достапни ви се полиси за патничко осигурување од сите осигурителни компании, со следните осигурителни покритија/ризици:

  • Здравствена помош (болничко лекување, лекарска интервенција, репатријација)
  • Осигурување незгода
  • Осигурување на багаж и надомест за загуба на патни документи

Цената на патничкото осигурување зависи од ризиците вклучени во осигурувањето.

Ако сте веќе наш Europe Premium член или планирате обнова на вашата членска картичка, тогаш имајте во предвид дека со услугите вклучени во Europe Premium членската картичка добивате и бесплатно патничко осигурување.

  • Споделете ги членските услугите со најблиските

Ако во вашето семејство има повеќе возачи, тогаш без двоумење искористете ја опцијата за семејно членство. АМСМ семејното членство ви овозможува услугите од Вашата АМСМ членска картичка да ги споделите со членовите на вашето потесно семејство т.е деца до 26 години, сопруг/сопруга,  мајка/татко, кои живеат под ист покрив и се водат на иста адреса во лична карта, или партнери кои живеат на иста адреса.

  • Направете домаќинско осигурување

За да патувате безгрижно, пред да тргнете било каде, бидете сигурни дека вашиот дом е секогаш безбеден. Направете домаќинско осигурување и осигурајте го вашиот дом од пожар, удар од гром, луња и град, провална кражба и разбојништво, излевање на вода од инсталации, кршење прозорски стакла итн., како и од штети кои можат да настанат кај соседите, а да влијаат и на вашиот дом.

Со полиса од осигурителна компанија по ваш избор направена преку Мобилити Брокер, добивате бесплатно застапување и посредување при настаната штета (пријава на штета, комплетирање на потребна документација, информација за статус на штета и сл.)

  • Спакувајте сè по список

Пакувањето може да биде напорно. Затоа за вас подготвивме листи за пакување за различни дестинации. Без разлика каде и со каква намера патувате, доволно е да ги следите листите за да понесете сè што ви е потребно, од документи, преку облека и дополнителна опрема, до козметика и лекови.

Листи за пакување за:

– Европски дестинации со автомобил

– Зимување

  • Проверете ја состојбата на патиштата

Секогаш, а посебно во зима, каде и да патувате, избегнете ги гужвите и задолжително проверете ја состојбата на патиштата и на граничните премини на страната на нашата земја:

Само со најнови информации за состојбата на патиштата и граничните премини вашите патувања ќе бидат безгрижни од почеток до крај.

  • Бидете подготвени за секакви ситуации на пат

Било да патувате во земјата или надвор од неа, што и да се случи по пат, повикајте помош на пат или шлепување:

  • на телефонскиот број 196 доколку се наоѓате на територијата на државата
  • на +389 2 3181 196 доколку се наоѓате надвор од државата.

Со АМСМ членска картички услугите помош на пат и шлепување ги добивате бесплатно.

Патувајте БЕЗГРИЖНО!

 

Текстот е превземен од веб страната на АМСМ

Daikin Altherma топлински пумпи – ICS Group

Енергетско ефикасни Daikin Altherma топлински пумпи – ICS Group ви нуди паметни решенија за најниски сезонски и месечни трошоци за греење оваа зима!

Подготви се за зимски патувања

Подгответе се за зимски патувања