, ,

Безбедноста на децата во автомобилот започнува со изборот на детско седиште

Детето во автомобилот мора да се вози во квалитетно, соодветно избрано и опремено автомобилско детско седиште, бидејќи само на тој начин ќе биде доволно безбедно.

Изборот на автомобилско детско седиште, е основата за безбеден транспорт на најмладите.

Имајќи ги на ум безбедноста и удобноста, важно е уште при првиот контакт со автомобилот детето да се навикне на користење автомобилско детско седиште. Сите безбедносни помагала – пасивни и активни – и сите модерни автомобили со ѕвездички за безбедност, всушност, не можат да помогнат доволно, ако во даден случај вашето дете не е заштитено од првиот одбранбен столб – седиште и сигурносни појаси.

Пред да тргнете на патување, треба да се осигурите дека седиштето е исправно, соодветно опремено и доволно големо за вашето дете. Ова е основа за безбеден превоз на децата.

Детето обично се чувствува најбезбедно во раце, но тоа не е најбезбедена положба. Исто така, избегнувајте возење во позиција на стоечко седиште, дури и на паркинг, бидејќи при нагло сопирање и при релативно ниски брзини можат да се предизвикаат сериозни повреди.

КАКО ДА ИЗБЕРЕТЕ СООДВЕТНО СЕДИШТЕ?

На децата им се потребни околу три различни детски седишта од раѓањето до возраст од десет години, или до тежина од околу 36 килограми. Имајте на ум дека изборот на соодветна големина само по група на возраст на детето не е секогаш точен, и секако не е единствениот критериум во изборот на соодветно детско седиште.

Кога ќе се смести детето во седиштето, главен критериум треба да биде горниот отвор, низ кој поминуваат појасите, затоа што, според последните тестови за големина, ако рамениците на детето се поголеми од местото каде што поминува безбедносниот појас, постои голем ризик од повреда на рамениците и клучната коска.

Исто така е важно да забележите кога детето веќе го надраснува седиштето. Кога рамениците на детето ќе го преминат врвот на појасот за раменици, тоа е знак дека треба да набавите ново, поголемо седиште.

ПОКРАЈ СООДВЕТНОТО СЕДИШТЕ ТРЕБА ДА СЕ КОРИСТИ И СИГУРНОСНИОТ ПОЈАС ОД АВТОМОБИЛОТ

Поголемите деца (над 18 килограми), треба да се врзуваат со автомобилскиот појас, кој е прицврстен за каросеријата на автомобилот и е наменет за носење на возрасни патници. Тоа го правиме за дополнителна потпора и помош на детско седиште, затоа безбедносниот ремен треба да оди преку рамото на детето, а не преку вратот или стомакот.

Во случај на користење на т.н. “засилувач” (подлога за седење во седиштето), мора да постојат и странични потпирачи за раце, под кои би се повлекле сигурносните појаси. За поголема безбедност се препорачува користење на детско седиште со потпирач за грб и прилагодливи сегменти за глава.

Седиштата за безбедност на децата во автомобил се поделени во групи, врз основа на тежината и на возраста на детето:

Група 0+: автомобилско седиште наменето за деца на возраст до една и пол година, или до 13 килограми тежина.

Група I: автомобилско седиште наменето за деца на возраст од осум месеци до четири години, и тежина од 9 до 18 килограми.

Група II: автомобилско седиште наменето за деца на возраст од 3-12 години, и тежина од 15 до 36 килограми.

НЕ ШТЕДЕТЕ НА СМЕТКА НА БЕЗБЕДНОСТА! ПРОВЕРЕТЕ ЈА И БЕЗБЕДНОСНАТА ХОМОЛОГАЦИЈА НА ПРОИЗВОДИТЕ

Се препорачува да не купувате користени и стари детски седишта за автомобили, бидејќи пластиката и другите делови на седиштата, постари од седум години се истрошени и ги губат нивните оригинални својства, при што постои голема веројатност во дадена сообраќајна несреќа да не ја оправдаат својата функција. При изборот на седиште од клучно значење е првенствено да изберете доволно безбедно и испитано седиште за децата, коешто ги поминало потребни тестови за безбедност.

Мини водич за дигитален маркетинг кога паѓаат социјални мрежи

Безбедноста на децата во автомобилот започнува со изборот на детско седиште