, , ,

Столицата со физиотопка е иновација за здраво и активно седење

Столицата со физиотопка е иновација за здраво и активно седење

Модерното време во кое живееме нè прави се повеќе зависни од канцелариските столици и „удобните кревети“. Работиме од дома, седиме во канцеларии, се одмараме на столици во нашите дневни соби. Сите овие активности се важни, но долготрајното седење може да предизвика разни здравствени проблеми. Но, што доколку постои производ на кој се одмараме и истовремено ја активираме мускулатурата на нашето тело. Столицата со физиотопка ја има токму таа можност.

Што е всушност столицата со физиотопка?

Специјално дизајнираните столици со физиотопка го поттикнуваат правилното држење на ’рбетниот столб. Бидејќи топката не е стабилна, вашето тело треба да се потруди да го најде идеалниот баланс додека седи на столицата. Ова ќе Ви помогне да ги зајакнете грбните мускули и на тој начин да го растеретите ’рбетот.

Столицата со физиотопка е иновација за здраво и активно седење

Предности на столицата со физиотопка

1. Подобро држење на телото

Столиците со физиотопка обезбедуваат оптимална поддршка на ’рбетниот столб и помагаат во одржувањето на правилната постура. Ова може да помогне да се намали штетата предизвикана од долгото седење во една позиција.

2. Активно Седење

Столицата со физиотопка предизвикува непрекинати движења на вашето тело додека седите. Ова активно седење ја поттикнува мускулатурата на телото и со самото тоа истата се зајакнува. Мускулите кои го одржуваат торзото во исправена положба се најзасегнати во оваа состојба и токму затоа столицата влијае на правилното држење на постурата.

3. Редукција на тензијата

Користењето на столицата со физиотопка може да ја редуцира напнатоста во вашиот врат, рамења и грб. Седењето на динамична подлога која е исполнета со воздух предизвикува релаксација и ослободува од стрес.

4. Подобрена концентрација

Статичното седење во една положба е една од главните причини за пад на концентрацијата и енергијата на работното место. Спротивно на тоа постојаното активно седење го одржува телото во будна состојба што помага во подобрена концентрација и фокус на работните задачи. Ова е особено важно за луѓето кои секојдневно работат пред компјутери, како и за деца кои долго време седат на биро.

5. Мултифункционалност

Столицата освен за седење може да се користи и за вежбање. Топката на која седите лесно се отстранува и на неа можете да направите повеќе вежби. Во прилог погледнете ги вежбите кои можете да ги направите за време на вашата пауза.

Текстот е превземен од веб страницата на Медикусхелп

Како да го сервисирате вашиот Daikin клима уред?

Столицата со физиотопка е иновација за здраво и активно седење

Столицата со физиотопка е иновација за здраво и активно седење