, ,

Што е магнезиум и како да препзонаете негов недостаток?

Магнезиум е макроелемент, есенцијален минерал, неопходен за функционирање на над 300 ензимски реакции.

На возрасен, здрав маж му требаат 420 mg магнезиум на ден, а на возрасна здрава жена 320 mg.

Во телото на здрав возрасен човек има околу 24-30 грама магнезиум.

Најмногу се наоѓа во коските, скелетот и срцевиот мускул, додека остатокот се наоѓа во црниот дроб, бубрезите, мозокот и црвените крвни зрнца.

Глобално, околу 60 % од возрасните лица не внесуваат доволни количини на магнезиум.

  • 100 mg

Минимален внес нa дневни количини на магнезиум кои мораат да бидат поголеми

  • 420 mg

Дневна доза на магнезиум за возрасен здрав човек

  • 320 mg

Дневна доза на магнезиум за возрасна здрава жена

  • 24-30 gr

Количина на магнезиум во организмот на возрасни здрави лица

Во организмот на човекот, магнезиумот има градивна улога, но и различни функционали улоги.

  • Влегува во состав на коските и забите
  • Овозможува мускулна активност кај луѓето
  • Овозможува правилна функција на срцевиот мускул
  • Придонесува за контракција на мазните мускули
  • Одржува тонус на крвните садови
  • Го намалува крвниот притисок, бидејќи го блокира дејството на калциумот
  • Обезбедува пренос на нервните импулси
  • Учествува во создавање на енергија неопходна за функција на човековиот организам
  • Важен е за создавање на паратиреоидниот хормон
  • Важен е за создавање на витамин Д

Како да препознаете недостаток на магнезиум и што значи?

Недостататок на магнезиум се јавува како резултат на:

  • зголемени потреби (во текот на раст, развој, бременост, изложеност на стрес),
  • зголемено губење (повраќање, дијареа),
  • недоволен внес (диететски режим, исхрана заснована исклучиво на млечни производи и мали количини на протеини),
  • примена на лекови (диуретици, кардиотоксични гликозиди, миорелаксанси орални антикоагуланси),
  • разни патолошки состојби (кардиоваскуларни заболувања, хируршко одстранување на тенкото црево, алкохолизам и шеќерна болест).

Кои симптоми може да се јават како последица од недостаток на магнезиум?

  • Пореметување во расположението,
  • главоболка,
  • грчеви во мускулите,
  • ноќни грчеви во мускулите на нозете,
  • замор,
  • дезориентираност,
  • раздразливост,
  • намалена спосопност за учење,
  • пореметување во голтањето,
  • недостаток на апетит.
  • хроничен запек.

Недостатокот на магнезиум може да доведе до: пореметување на срцевата работа, висок крвен притисок, атеросклероза, дијабетес и метаболички синдром, пореметување во липидниот статус, коронарна болест на срцето, остеопороза, хронична опстипација, зголемена кристализација на калциум оксалат во урината на човекот и малигни болести.

Што треба да знаете за РЕТИНОИДИ? Светиот грал на нега на кожата

Што е магнезиум и како да препзонаете негов недостаток?