, ,

Решенија за идентификација и следливост на производите – Што е тоа?

Секој потрошувач пред да го купи производот во супермаркет обично го здогледува датумот на производството и проверува дали е истиот со добар рок на траење. Некој можеби ке ја погледне табелата на состојки доколку сака подобро да се информира за составот. Но кои се информациите за производителот кој го контролира целиот процес на производство од суровината, состојките до пакувањето на истиот и како тие променливи информации да се спојат со производот, т.е. како производот да се идентифицира, а се направени стотици илјади парчиња од него во еден ден?

Доколку подетално погледнете било кој модерен производ, освен страндардниот датум на производство и бар кодот, се појавуваат сет од бројки, букви или сосема посебен 2D бар код кој е уникатен за тој производ и преку кој може да се следи истиот се до влезната суровина. Тој код им помага на производителите, доколку се случи некоја несакана рекламација полесно да откријат како е произведен истиот и каде завршил во ланецот на дистрибуција.

Kodovi кодови

 

Тој код обично се штампа на крајот на производството, на спакуван производ со помош на инк-џет, термал-трансфер или ласерски индустриски принтер. Овие уреди се поставуваат на крај на производниот процес кој мора да е во серија, работат во индустриски услови, (според тоа треба да имаат адекватна индустриска заштита) и штампаат со голема брзина (понекогаш во дел од секунда) променливи информации како серија, уникател 2Д код, шаржа, лот, време и секоја информација која ке му даде на производот некаква идентификација.

Videojet-6530-stacked-no-background

Videojet индустриските принтери наоѓаа широка примена во секаква индустрија и се светски лидер во областа на индустриското маркирање и идентификација на производите.  На Македонскиот пазар се застапени преку фирмата ФОРМА која веќе 18 години ги инсталира и одржува во сите индсутриски гранки во Р.Македонија

Форма Forma VJonWht3

Интегрирано софтверско решение за осигурителните компании – Е-Иншур (E-Insure)

Решенија за идентификација и следливост на производите – Што е тоа?