Е-Иншур (E-Insure) е интегрирано софтверско решение за осигурителните компании кое во многу им го олеснува секојдневното работење преку автоматизирање на сите бизнис процеси и овозможувајќи им подобри начини за управување со ресурсите на компанијата. Неговата скалабилност и перформанси го прават погоден за работа и во малите и во големите осигутителни компании.
Е-Иншур е докажан софтверски продукт, развиен и усовршуван од тим на искусни инженери на ЕДУСОФТ за повеќе од една декада. За последните 10 години добивме целосен увид во специфичните потреби и барања на многу осигурителни компании, и затоа сигурни сме дека сме афирмирана софтверска компанија со вака големо искуство на осигурителниот пазар, целосно разбирајќи ги приликите и предизвиците со кои се соочуваат осигурителните компании во секојдневното работење. E-Insure е софтверско решение кое е постојано надгледувано и подобрувано од страна на посветен тим на софтверски експерти со широко познавање на информатичките технологии и големо искуство на осигурителниот пазар.
Карактеристики:
- Продажба на широка лепеза на осигурителни производи
- Едноставен и интуитивен кориснички интерфејс за издавање на осигурителни полиси
- Модул за водење на податоци за клиентите
- Модул за администрирање на осигурителните полиси
- Целосна контрола на издадените и платени полиси
- Прилагодлив на правилата и практиките на вашата компанија
- Дизајниран за поддршка на различни организациони структури во компаниите
- Едноставен и целосно транспарентен процес на издавање на осигурителни полиси на агентите
- Интероперабилност со другите системи
- Достапен во пакет со инсталација и обука на крајните корисници
Компоненти:
- Модул за администрирање на организационата структура
- Модул за централно регистрирање на осигурителните полиси
- Модул за онлајн издавање на полиси
- Модул за управување на партнерите
- Модул за генерирање на извештаи
- Модул за регистрирање на одштетни барања
- Модул за синхронизација со други системи
- Модул за мониторинг на корисничките активности
Компании кои користат Е-Иншур:
- ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп
- АЛБСИГ
- ИНСИГ
- ИНТЕРАЛБАНИАН – Албанија
- ИНТЕРСИГ – Албанија
- СИГМА – Албанија
- АТЛАНТИК – Албанија
- АНСИГ – Албанија
- СИГМА – Косово