,

Еко линија за електричен и електронски отпад!

Преку ЕКО ЛИНИЈАТА – 070/236 000 физичките и правните лица можат секој работен ден да пријават електричен и електронскиот отпад и правилно да се ослободат од истиот. Електричниот и електронскиот отпад делуваат како нетоксичен отпад, но нивното несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање на тешки метали во воздухот, водата и почвата, кои што сериозно делуваат на здравјето на луѓето и воопшто на квалитетот на животната средина.

Нула Отпад ги охрабрува граѓаните и фирмите да ја користат ЕКО ЛИНИЈА со цел зголемена заштита на животната средина и правилно одложување на овој тип на отпад.

Сите правни субјекти, по подигнувањето на отпадот од страна на Нула Отпад ги добиваат сите потребни документи согласно Законот за управување со отпад, со кои можат материјално и сметководствено да ги отпишат своите електронски и електрични уреди.

АТЕСТ НА ВОЗИЛА СО ВГРАДЕН ПЛИНСКИ УРЕД

Еко линија за електричен и електронски отпад!