,

Колку стари електрични уреди имате расфрлано низ домот, подрумот, магацинот, канцеларијата, компанијата?

ЕКО ЛИНИЈА НА ВАША УСЛУГА!
­
☎ 070 236 000

Можност за сите физички и правни лица на бесплатен начин преку Еко Линијата 070 236 000 секој работен ден да пријават електричен и електронскиот отпад и правилно да се ослободат од истиот. ­ ­
Електричниот и електронскиот отпад делуваат како нетоксичен отпад, но нивното несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање на тешки метали во воздухот, водата и почвата, кои што сериозно делуваат на здравјето на луѓето и воопшто на квалитетот на животната средина.

Нула Отпад ги охрабрува граѓаните и фирмите да користат ЕКО ЛИНИЈА како БЕСПЛАТЕН И БЕЗБЕДЕН сервис за правилно одложување на овој тип на отпад со цел зголемена заштита на животната средина.

Со едноставно јавување на Еко Линијата се врши бесплатно преземање од прагот на Вашиот дом/компанија. Единствено што е потребно е уредите да бидат исклучени од вода/струја и да се на достапно место за преземање.

СИТЕ ПРАВНИ СУБЈЕКТИ, по подигнувањето на отпадот од страна на Нула Отпад ги добиваат сите потребни документи согласно Законот за управување со отпад, со кои можат материјално и сметководствено да ги отпишат своите електронски и електрични уреди.

Следете не за сите актуелни проекти и иницијативи на социјалните мрежи 

и посетете ја нашата веб страна­­
­
Заедно да мотивираме што повеќе луѓе да се грижат за себе и околината.

Никогаш сами – спокојно и сигурно на секое патување

Колку стари електрични уреди имате расфрлано низ домот, подрумот, магацинот, канцеларијата, компанијата?